Европа ја тресе скандалот со коњското месо. Владите на неколку европски земји покренаа истрага по откривањето дека смрзнатата храна на поедини произведувачи, содржи голема количина коњско месо.
Како што пренесуваат странските медиуми, спорното коњско месо наводно е произведено во Романија.
Аферата изби пред неколу дена. Британската агенција за сигурност на храната известува дека кај британскиот производител Fundus, пронајдени се 60 % коњско месо.
Фундус месото го набавил преку француската фабрика Comigel и тоа е само една во низата компании кои имаат ист проблематичен добавувач.
Освен во Велика Британија, истрага е започната во Франција и Шведска, но внимателни се и другите европски држави зашто ова не е прв скандал – минатиот месец коњско месо беше пронадено во хамбургери кои се продаваат во Британија и Ирска, а месото пристигнало од Полска.
По откривање на скандалот шест најголеми француски трговски ланци – Auchan, Casino, Carrefour, Cora, Monoprix i Picard го тргнаа месото од полиците.