Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа останува најголемиот пазар за американскиот течен природен гас

0
By Mirjana on February 17, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Photo: OILPRICE.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европа останува најголемиот пазар за американскиот течен природен гас (ЛНГ) три месеци по ред. Според Ројтерс, податоците на Refinitiv сугерираат дека најголемиот дел од американскиот ЛНГ ќе продолжи да тече во Европа и овој месец, по декември и јануари,  објави OILPRICE.com во текст потпишан од Irina Slav.

Според податоците на Refinitiv, најмалку 50 отсто од американскиот течен природен гас од почетокот на февруари е испорачан во Европа, со вкупна вредност од 3,56 милиони тони. Ова, покажуваат податоците, е слично на средномесечното ниво на увоз на ЛНГ од САД  во Европа, во декември.

Вкупниот американски извоз на ЛНГ работи со рекордни стапки благодарение на силната побарувачка не само од Европа, туку и од Азија. Според извештајот на Блумберг од почетокот на оваа недела, танкери со ЛНГ биле натоварени или закотвени на сите седум извозни терминали во земјата, со проток на природен гас во таканаречените „возови за претворање во течна состојба“ на рекордно високо ниво од 13,3 милијарди кубни метри дневно.

Извештајот вклучува проценки дека дури две третини од американскиот течен природен гас треба да биде испорачан во Европа.

„Волуменот во Европа останува исклучително силен, а САД играат клучна улога“, изјави за Ројтерс аналитичарот на Кплер, Рид л’Ансон, додавајќи дека вкупниот број во февруари може да се приближи до рекордните количини на американски ЛНГ увезени во Европа, во текот на месец  јануари.

Извозот на ЛНГ од САД се зголемува на рекордни нивоа и се очекува да продолжи да расте паралелно со можноста за поголем извозен капацитет. Благодарение на зголемениот број американски проекти за извоз на ЛНГ кои стапуваат во употреба, до крајот на 2022 година, номиналниот капацитет на САД  ќе се зголеми на 11,4 милијарди кубни стапки дневно и максималниот капацитет на 13,9 милијарди кубни стапки дневно во седум капацитети за извоз на ЛНГ и 44 „возови за претворање во течна состојба“ соопшти Управата за енергетски информации во декември. Доколку се исполнат овие американски проекции тоа ќе биде повеќе од капацитетите на Катар и на Австралија, кои сега важат за други два најголеми извозници на течен природен гас  во светот.

НоваТВ на крајот на декември објави информација за тоа дека со покачените квоти на извоз на американскиот течен природен гас во Европа, се урива  цената на рускиот гас од Кавказ кој им се испорачува на европските коминтенти.

Американскиот течен природен гас ја урива цената на рускиот енергенс во Европа

европскиот останува најголем пазар за американскиот ЛНГ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
ФОКУС

ЦИВИЛ со нова акција: Прес центар и нтензивна комуникација со јавноста в недела за време на претстојниот изборен ден

ВЕСТИ October 17, 2025

На 19. октомври, со почеток во 7 часот наутро, ЦИВИЛ ќе го отвори прес центарот…

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

October 17, 2025

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

October 16, 2025

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.