Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европратениците предлагаат кривично гонење на корисниците на сексуални услуги

0
By Ана Василевска on September 14, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот парламент денеска со 234 гласа „за“, 175 „против“ и 122 „воздржани“ усвои Извештај со кој се бара преземање мерки од страна на ЕУ за справување со последиците од проституцијата, со кои меѓу другото се предлага и кривично гонење на корисниците на сексуални услуги.

Во Извештајот се посочува дека проституцијата има влијание врз родовата еднаквост и правата на жените, како и дека асиметријата помеѓу националните правила за проституција во ЕУ води до зголемен број на жртви на трговија со луѓе за сексуална експлоатација и создава плодна почва за организиран криминал.

– Земјите членки треба да го преоценат постојното законодавство за да се избегнат какви било пропусти што би им дозволиле на криминалците да дејствуваат неказнето, додека Комисијата треба да развие заеднички насоки на ЕУ кои ќе ги гарантираат основните права на луѓето вклучени во проституцијата, се наведува во Извештајот.

Во документот се додава и дека проституцијата и сексуалната експлоатација постојат затоа што има побарувачка за нив, па затоа „намалувањето на побарувачката е клучно за спречување и намалување на трговијата со луѓе и тоа мора да се направи на начин што нема да им се наштети на оние кои се занимаваат со проституција“.

Со извештајот се бара преземање мерки и против рекламите на интернет што директно или индиректно поттикнуваат проституција и соработка на полицијата и другите агенции за спроведување на законот со социјалните и медицинските служби и невладините организации во справување со трговијата со луѓе и сексуалната експлоатација и во заштита на жените вклучени во проституцијата.

– Лицата кои се занимаваат со проституција се соочуваат со постојана закана од полициски и судски прогон и се маргинализирани и стигматизирани, што често ја попречува нивната намера да бараат правда, се додава во извештајот, во кој се апелира за овозможување на нивни целосен пристап до висококвалитетни здравствени и социјални услуги и до правосудниот систем.

Но, предлогот за кривично гонење на корисниците на сексуални услуги не наиде на подршка на сексуалните работници и организациите што поддржуваат целосна декриминализација на проституцијата, кои апелираа до европратениците да го отфрлат Извештајот. Според нив, идејата за гонење на корисниците на сексуални услуги не ги штити правата на жените и другите ангажирани во сексуалната работа.

Тие оценуваат дека Извештајот е „пристрасен и штетен“ и бараат да се усвои „пристап заснован на почитување на човековите права“, со кој би се декриминализирале сите аспекти на сексуалната работа.

Според нив, гонењето на корисниците на сексуални услуги ќе ја поттикне илегалната проституција и ќе придонесе за помала безбедност за сексуалните работници.

Европарламентот на денешното продолжение на овонеделната септемвриска сесија со 366 гласови „за“, 186 „против“ и 18 „воздржани“ даде зелено светло за старт на преговорите со Советот на ЕУ за реформа на пазарот на електрична енергија во Унијата, чија примарна цел е заштитата на потрошувачите од нестабилните цени на струјата.

Европски парламент Сексуални услуги
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.