Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европска детска гаранција – начин да се намали сиромаштијата кај децата во земјата

0
By Marija Todorovska on March 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На панел дискусијата за повеќедимензионалната детска сиромаштија, претставници од институциите, развојните партнери, академската заедница и граѓанското општество се согласија околу потребата за меѓусекторски и долгорочен пристап за справување со повеќедимензионалната детска сиромаштија во Северна Македонија. Беше истакнато дека воведувањето на Eвропската детска гаранција во земјата е интервенција што дава надеж дека ќе се опфатат најранливите деца и ќе се обезбеди системски пристап до социјални услуги.

Детската сиромаштија не зависи само од семејните приходи, туку се должи и на лишеност од грижа, добра и услуги од страна на родителите и јавните институции. Секое трето дете во земјата живее под прагот на сиромаштијата, што е значително повисоко од стапката кај вкупното население. Покрај тоа, претходна анализа поддржана  од УНИЦЕФ покажа дека лишеноста од образование, ран детски развој, исхрана, безбедност, и љубов и грижа се петте главни причини што придонесуваат за мултидимензионалната детска сиромаштија.

„Детската сиромаштија не е проблем на една влада или една политичка партија. Неопходен е одржлив и системски одговор на детската сиромаштија, и на национално и на локално ниво. Високата стапка на детска сиромаштија е предизвик што опстојува во земјата со години,” рече Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ. „Во пресрет на парламентарните и претседателските избори, треба да се потсетиме дека детската сиромаштија не е неизбежна, ставањето крај на детската сиромаштија е прашање на стратешки избор.”

„Како дел од мисијата да се намали сиромаштијата, да се сподели просперитетот и да се заштити планетата, Светска банка заедно со партнерите во земјата, работи на теми и прашања поврзани со добросостојбата на децата во Северна Македонија, особено на децата од најранливите категории, преку подобрување на опсегот и квалитетот на услугите во образованието, социјалната заштита и здравството,” рече Бојана Нацева, виш специјалист за образование во Светска банка за време на панел дискусијата.

За време на дискусијата беше направен преглед на резултатите од серијата секторски консултации за аспектите на детската сиромаштија поврзани со образование, здравство, исхрана и социјална заштита.

Панелистите се согласија за следните точки за дејствување:

  • Да се постигне видливост на децата кои живеат во сиромаштија, преку мониторинг, мерења и преземање активности засновани на податоци.
  • Да се зголеми пристапот до социјални услуги и грижа за да се одговори на детската сиромаштија, да се промовира поддршка насочена кон семејствата и ранливите да бидат опфатени преку интервенции за детска заштита.
  • Да се обезбеди посоодветна директна финансиска поддршка за семејствата со социјални трансфери.
  • Да продолжи трендот за зголемување на пристапот до рано детско образование, имајќи ја предвид важноста за идните исходи во животот.
  • Справувањето со лишеноста од образование што придонесува за детската сиромаштија преку програми за намалување на рано напуштање на образованието и поддршка за инклузија на децата кои не се вклучени во образовниот процес и децата со попреченост, може да биде важен фактор за успех.
  • Да се обезбеди пристап до здравствена заштита за секое дете преку подобрување на опфатот со здравствено осигурување за децата, како и зајакнување на патронажните служби и системот за имунизација.

Во напорите да се надмине детската сиромаштија во Северна Македонија, земјата ги користи искуствата од Европската Унија, вклучително и Европската детска гаранција како механизам што има за цел да се спречи и надмине социјалната исклученост на децата преку гарантиран пристап до клучните социјални услуги и финансиска помош.

Министерството за труд и социјална политика ги предводи заложбите и тесно соработува со Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ,  за да се трасира патот кон воведување на Европската детска гаранција во земјата.

Резултатите од денешната дискусија и претходните дијалози за политики за повеќедимензионалната детска сиромаштија ќе бидат вклучени во Националниот акциски план за правата на детето и планот за имплементација на Европската детска гаранција во земјата.

панел сиромаштија УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.