Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ја намали рефернтната каматна стапка на 0,15 отсто од 0,25 отсто за да го стимулира економскиот раст и да избегне дефлација во еврозоната.
Имено, таа е првата од „Големата четворка“ централни банки која превезма толкав голем чекор.
ЕЦБ се обидува да го поттикне економското закрепнување и да ја зголеми инфлацијата, која се наоѓа на опасно ниско ниво од 0,5 проценти.
Слабата инфлација носи ризик од дефлација, односно константен пад на цените, што може да го спречи економскиот раст, бидејќи потрошувачите и компаниите ќе започнат да го одложуваат купувањето со надеж дека ќе добијат уште пониска и подобра цена.