Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската унија го награди младиот автор Ненад Јолдески

0
By Нова ТВ on April 5, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младиот македонски писател Ненад Јолдески е добитник на наградата за литература на Европската унија.

Европскиот комесар Тибор Наврашич за образование, култура, млади и спорт денес ги објави имињата на 12 добитници на оваа награда за 2016 година. Наградата ги одликува младите и талентирани автори од Европа.

Покрај Јолдески, награда добија Тања Ступар-Трифуновиќ ид Босна и Херцеговина, Кристоф Ван Геревеј од Белгија, Антонис Георгиу од Кипар, Бројн Расмусен од Данска, Пааво Матсин од Естонија, Селја Ахава од Финска, Бенедикт Велс од Германија, Гаст Грубер од Луксембург, Клаудио М. Флориан од Романија, Јасмин Б. Фрелих од Словенија и Јесус Караско од Шпанија.

Комесарот подвлече дека оваа награда им оддава почит на авторите кои ја почнуваа својата кариера и им помага да стекнат нова читачка публика надвор од нивните земји.

  • Литературата и слободниот напишан збор ни овозможуваат подобро да се разбереме себе си и другите – нешто што денес е поважно од кога и да е. Оттука, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме преведувачката активност, издаваштвото, продажбата и читањето на странската литература, рече комесарот.

Секој награден автор добива сума од 5.000 евра но и промоција и меѓународен визибилитет за неговото дело на сите важни саеми на книги во Европа како Франкфурт, Париз или Лондон.

ЕУ ги охрабрува издавачите на овие автори да поднесат барање за ЕУ фондот кој ќе помогне делото да биде преведено на повеќе јазици.

Наградите ќе бидат предадени на свеченост во Брисел на 31 мај.

Ненад Јолдески е роден во 1986 година во Струга, економист е магистер по Општа и компаративна книжевност на државниот Филолошки факултет на тема „Интертекстуална иронија во модерниот и постмодерниот расказ“.

Автор е на „Штамата на Енхалон“ од 2009 година, збирка раскази напишани на струшки дијалект. Неговата втора збирка раскази од 2012 година е „Секој со своето езеро“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.