Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската вселенска агенција ја суспендира мисијата на Марс со Русија

0
By Соња Крамарска on March 17, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската вселенска агенција објави дека ја суспендирала руско-европската мисија на Марс, поради руската инвазија на Украина.

„Длабоко жалиме за човечките жртви и трагичните последици од агресијата кон Украина. И покрај тоа што го препознава влијанието врз научното истражување на вселената, ЕСА е целосно усогласена со санкциите наметнати на Русија од нејзините земји-членки“, се вели во соопштението на ЕСА.

За време на состанокот во Париз, владејачкиот совет на ЕСА „ја призна сегашната неможност за спроведување на тековната соработка со руската вселенска агенција Роскосмос на мисијата на роверот ЕгзоМарс за лансирање во 2022 година, и му наложи на генералниот директор на ЕСА да преземе соодветни чекори за суспендирање“, се вели во соопштението.

И покрај суспендирањето на мисијата на Марс, ЕСА соопшти дека програмата на Меѓународната вселенска станица „продолжува да работи номинално. Главната цел е да се продолжи безбедното работење на мисијата, вклучително и одржување на безбедноста на екипажот“.

„Во текот на изминатите два дена, нашите земји-членки разговараа за влијанието на војната во Украина врз вселенските програми на ЕСА. Заедно, донесовме тешка – но неопходна – одлука да го прекинеме лансирањето на ЕгзоМарс предвидено за септември со Роскосмос и да ги проучиме опциите за понатаму“, се наведува во соопштението.

Инаку, во моментов има четворица астронаути на НАСА, двајца руски космонаути и еден европски астронаут кои живеат и работат во орбитата.

Со оглед на ситуацијата во Украина, генералниот директор на агенцијата ќе свика вонредна седница на владејачкиот совет на ЕСА во наредните недели „за да поднесе до земјите членки конкретни предлози за понатаму“, се вели во соопштението.

Марс Мисија суспендирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.