Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски корупциски скандал: Ева Каили ќе остане во затвор и покрај молбите на адвокатот за електронска нараквица

0
By Ана Василевска on February 17, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Грчката европратеничка Ева Каили ја има централната улога во корупцискиот скандал во Европскиот парламент, во кој е вмешан и Катар
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Ева Каили, грчката европратеничка која е во центарот на корупцискиот скандал што го зафати Европскиот парламент, во четвртокот и беше наредено да остане во затвор уште најмалку два месеци, и покрај молбите на нејзиниот адвокат за ослободување под електронски надзор.

Затекнатата пратеничка е во истражен затвор од 9 декември, кога беше уапсена од белгиската полиција, откако наводно била фатена на дело.

Пратеничкиот имунитет и беше укинат на лице место, а подоцна беше обвинета за учество во криминална организација, корупција и перење пари.

Во нејзината резиденција во Брисел биле пронајдени над 150.000 евра во готовина.

Одлуката за продолжување на притворот на Каили ја донел белгиски судија по сослушувањето во Брисел во четвртокот наутро, на кое нејзините адвокати ја осудиле нејзината континуирана разделба од нејзината 23-месечна ќерка и побарале да се ослободи со електронска нараквица.

Нејзиниот одбранбен тим продолжува да инсистира на нејзината невиност и планира да поднесе жалба на одлуката.

Домашниот партнер на Каили и татко на нејзината ќерка, Франческо Џорџи, исто така останува во затвор, обвинет за точно истите злосторства.

Белгискиот европратеник Марк Тарабела, поранешниот европратеник Пјер Антонио Панцери и директорот на невладината организација Николо Фига-Таламанка се исто така уапсени и кривично обвинети, а вториот оттогаш беше ослободен, без никакви услови.

Друг европратеник, Андреа Коцолино, беше уапсен минатата недела во Неапол, а белгиските власти побараа негова екстрадиција од Италија.

Панцери, претпоставениот водач, потпиша договор за признавање вина со белгиските власти, признавајќи дејствија за поткуп и обврзувајќи се да споделува „откривачки“ информации.

Во четвртокот и на Италијанецот му беше продолжен притворот.

Тарабела, кој пред сослушувањето во четвртокот побара разрешување на истражниот судија, во меѓувреме му беше продолжен притворот за еден месец.

Неговиот адвокат рече дека ќе поднесе жалба во петок, а сослушувањето се очекува за две недели.

Распространетата истрага е фокусирана на наводна шема на пари за услуги која вклучува „големи“ суми на пари и „значителни“ подароци платени од Катар и Мароко за да се влијае на одлучувањето во Европскиот парламент.

Катар и Мароко енергично ги негираа тврдењата, нарекувајќи ги неосновани.

Заедничко писмо од италијанските социјалисти

Апсењето на Ева Каили, европратеничка од висок профил, претходно поврзана со социјалистичката група (S&D), предизвика политичка бура во Брисел и поттикна брз процес за нејзино отстранување како еден од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент.

Таа сè уште ја задржува титулата и платата како европратеник.

За време на нејзиниот притвор, нејзините адвокати ја бранеа нејзината невиност и постојано се жалеа на, како што рекоа, нехуманите и „средновековни“ услови во полициската станица пред да биде преместена во затворот Харен на периферијата на Брисел.

Нејзиниот одбранбен тим, исто така, го осуди фактот дека на 44-годишната ѝ биле дозволени многу ограничени посети со нејзината малолетна ќерка од нејзиниот притвор во декември.

Овие грижи беа составени во писмо напишано од социјалистичките европратеници и упатено до претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.
Писмото беше испратено минатата недела откако беше циркулирано меѓу целата група S&D, која се состои од повеќе од 140 европратеници низ 26 земји на ЕУ.

Меѓутоа, писмото го потпишале само 10 италијански социјалисти.

„Ова не се однесува на судската истрага, која ние целосно ја поддржуваме. Станува збор за условите за притвор кои, доколку се докажат, се некомпатибилни со европското владеење на правото“, изјави европратеникот Масимилијано Смериљо, промотер зад писмото, за Еуроњуз.

„Затоа, бараме од претседателот Мецола да преземе соодветни мерки за да провери дали се вистинити обвинувањата на адвокатот на Каили. Квалитетот на нашата демократија се дефинира од тоа како управуваме со ваква ситуација.

Пред нејзиното сослушување во четвртокот, Каили го отпушти нејзиниот белгиски адвокат Андре Рисопуло и го избра за замена Свен Мери, кој застапуваше еден од терористите зад нападите во Париз во 2015 година.

„Ако некој стане само симбол и притворот се врши на симболиката на приведување некого затоа што е позната затоа што е потпретседател на Европскиот парламент, мислам дека нема смисла“, им рече Мери на новинарите во четвртокот.

Извор Еуроњус

А.В

Ева Каили Европски парламент корупциски скандал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.