Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот парламент бара Јункер да биде прв човек на Европската комисија

0
By Нова ТВ on June 12, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на главните политички групи во Европскиот парламент (ЕП) денес и дадоа поддршка на кандидатурата на Жан-Колд Јункер за претседател на Европската комисија (ЕК). Тие сметаат дека мора да се почитува демократијата. Европската народна партија (ЕНП) доби најмногу гласови на последните европски избори во мај па според тоа и нејзиниот кандидат за ЕК мора да биде избран, јавува европскиот портал Еурактив.

Новиот претседател на ЕНП, демохристијанската група, Германецот Манфред Вебер изјави дека пораката е јасна: ако европските лидери изберат друг човек наместо Јункер, тоа ќе донесе институционална криза. “Не сакаме да дојдеме во конфликтна ситуација но единственото мнозинство во ЕП е во корист на Јункер”, рече Вебер.

Поддршка за Јункер дојде и од претседателот на социјалистичката група Ханес Свобода кој вели дека во име на демократијата, европските лидери мораат да ги почитуваат резултатите од изборите.

Кандидатурата на Јункер не му е по вкус на Девјид Камерон за кој Јункер е “човек од минатото” и преголем федералист.

Овие карактеристики упатени на адреса на Јункер не му се допаднаа на Вебер кој смета дека Велика Британија е само една членка од сите 28 на ЕУ и подвлече дека зборовите на Камерон се “неприфатливи” и дека претставуваат “кампања на клевети”.

Луксембуршкиот печат, татковината на Јункер, објавија дека британските таблоиди направиле опсада на куќата на Јункер по што морала да интервенира и полицијата.

Вебер инсистира одлуката за идниот прв човек на ЕК да биде донесена на 26 и 27 јуни, за време на самитот на европските лидери што потоа ќе му овозможи на ЕП да се изјасни за предлогот на лидерите на 15 јули кога се одржува првата пленарна седница.
Германката Меркел веќе ја даде својата поддршка за Јункер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.