Неколку европски аеродроми, вклучувајќи го и Меѓународниот аеродром во Брисел, беа погодени од сајбер напад кој сериозно влијаеше на функционирањето на системите за пријавување и качување на патници. Инцидентот се случи вечерта на 19 септември, објави администрацијата на аеродромот, објавија пшовеќе медиуми.
Давателот на услуги во моментов работи на отстранување на последиците, но веќе е сигурно дека ќе има доцнења и откажувања на летови. Пријавувањето на патниците се врши рачно, а на сите патници им се советува да ја проверат состојбата на својот лет пред да заминат за аеродромот и да пристигнат само ако летот е потврден.
Аеродромските власти се извинија за предизвиканите непријатности, нагласувајќи дека и покрај инцидентот, сообраќајот продолжил, но под променети услови.
За потсетување, неодамна беше извршен кибер напад врз аеродромот Пулково во Санкт Петербург, чија веб-страница беше хакната, што доведе до ограничени услуги, иако самиот воздушен сообраќај не беше прекинат.
Надлежните органи предупредуваат дека последиците од последниот напад сè уште не се целосно елиминирани и дека може да се очекуваат дополнителни промени во распоредот на летовите.