Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европските држави лево или десно: Како е поразена политиката за социјална држава во име на високиот профит

0
By Zoran Ivanov on July 21, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 21, 2026 19:30

Либералните и социјалдемократските партии ја пласираа тезата дека приемот на милиони странци ќе ја спаси „државата на благосостојба“ која се градеше уште од 60-тите години на минатиот век. Меѓутоа, зад оваа хуманитарна реторика се криеше голема политичка манипулација за висок профит. Наместо да инвестираат во технолошки развој, компаниите се потпреа на социјален дампинг – вештачко одржување ниски плати. Оваа економска борба на Европа со Кина заврши уште пред да започне.

М-р Славе Младеновски, социолог

Живееме во време на длабока поларизација каде што европскиот континент се соочува со досега незапаметени внатрешни потреси. Овој текст има за цел да го поведе читателот на едно „патување“ низ магливите лавиринти на ризични постапки што ги создаваат политичките елити во спрега со крупниот капитал за остварување високи стапки на профит. Дали масовниот прилив на странци во последното десетлетие беше хуманитарен чин, или пак, станува збор за смислена економска стратегија која се претвори во социјално бојно поле?

Преку социолошка и политичка анализа, правиме обид да фрлиме светлина врз политиките на неколку европски држави – политика која сега е евидентно видлива со „голо око“, а всушност станала заробеник во менгемето меѓу левицата и десницата. Постапката која елитите ја преземаат за да купат време и да го продолжат овој погрешен и очигледно лошо утврден процес, всушност претставува жртвување на општествената хармонија и солидарноста. Оваа солидарност беше основна придобивка на капитализмот по Втората светска војна, а сега е жртвувана со цел да биде задоволена глобалната конкурентност преку сурова експлоатација на човековиот труд и на природата.

Големата илузија: Спас на социјалната држава или евтин труд?

Пред точно две децении, европските политички и економски елити се соочија со сериозен страв од кинеската експанзија. За да ја спасат сопствената профитабилност и конкурентност за XXI век, на европското стопанство му беше потребна нова сила – масовна и евтина работна сила.

Либералните и социјалдемократските партии ја пласираа тезата дека приемот на милиони странци ќе ја спаси „државата на благосостојба“ која се градеше уште од 60-тите години на минатиот век. Меѓутоа, зад оваа хуманитарна реторика се криеше голема политичка манипулација за висок профит. Наместо да инвестираат во технолошки развој, компаниите се потпреа на социјален дампинг – вештачко одржување ниски плати. Оваа економска борба на Европа со Кина заврши уште пред да започне.

Анатомија на миграцискиот фонд: Три класи на доселеници

За да разбереме зошто денес Европа е дестабилизирана, мора јасно да ја погледнеме структурата на странците што влегоа во системот. Врз основа на официјалните демографски податоци [1][2], странците можеме да ги поделиме во три социјални класи:

– Првата група ја сочинуваат економски мигранти од држави во развој и, пред сè, европски граѓани. Тие се високообразовани, со претходно работно искуство и поседуваат блиски културолошки вредности со домашното население. Оваа група лесно се интегрира во големите индустрии, но не учествува со висок процент во вкупната маса.

–Втората група ја сочинуваат луѓе кои доаѓаат од сиромашни земји или подрачја зафатени со воени конфликти. Во оваа група доминираат мажи на возраст од 25 до 35 години. Нивното образование е ниско, работното искуство е мало, а јазичната бариера е огромна. Овие луѓе најчесто завршуваат во ниско продуктивни услужни дејности или се само вработуваат во микро-бизниси за да преживеат.

–Третата група е со највисок ризик за општеството и ја сочинуваат млади, нестручни и долготрајно невработени странци кои се концентрирани во предградијата. [4]. Оваа заедница поседува највисок затворен потенцијал за генерирање судири како резултат на личното незадоволство од сопствената состојба. Во општествената реалност, оваа група има двојна природа: тие со право можат да бидат третирани како жртви на системот кој ги повика, а понатаму ги изолираше во сегрегирани квартови, но истовремено тие објективно претставуваат потенцијална опасност за стабилноста на општествената хармонија.

Моделот на (латентен) конфликт: Германија и нејзините „три шведски маси“

Состојбите во Германија и Шведска денес се на најниско безбедносно и социјално ниво во нивната понова историја. За да ја разбереме реалноста во Германија, мора да ја согледаме нејзината специфична геополитичка позиција. Ова е директен резултат на неконтролираниот прилив на специфична структура на странци во последните три децении [3].

Иако, Германија беше иницијатор, директен виновник и поразена страна во Втората светска војна, својот развој во изминатите 80 години го темелеше врз поддршката на победниците – САД, Велика Британија и Русија. Благодарение на нивната волја, Германија (заедно со Јапонија) стана една од најразвиените држави. Германската држава ги искористи сите можни придобивки од политиката што би ја нарекол „најблиска позиција до шведската маса“. Секоја друга држава што ќе помислеше да застане на две различни шведски маси беше третирана како дволична од моќните сили, трпеше санкции и изолација. Германија, пак, имаше најголема привилегија и пристап до три вида „шведски маси“:

  1. Првата шведска маса (Американска безбедност): Со американското воено присуство на своја територија, Германија доби квалитетна и евтина безбедност и гаранција од САД. Дополнителен прилог на оваа маса беше согласноста на СССР да се повлече од Источна Германија без воена реакција при обединувањето.
  2. Втората шведска маса (Евтини руски енергенси): По распадот на Советскиот Сојуз, Русија значително ги подобри односите со Берлин и во наредните 20 години ја снабдуваше богатата германска економија со енергенси за „мали пари“.
  3. Третата шведска маса (Бегалскиот фонд како евтин труд): За потребите на забревтаната германска економија, со своите директни воени интервенции на Блискиот Исток и Африка, САД и Русија предизвикаа масовни бегалски бранови. Ова главно арапско и африканско муслиманско население требаше да послужи како евтина работна сила во споредба со домашното население, за понатамошен развој на германскиот капитализам.

Меѓутоа, кога германското и шведското стопанство влегоа во рецесија поради скапата енергија и глобалната конкуренција, крупниот капитал донесе одлука – „удирање“ по квалитетот на животот на обичниот работник.

Денес, со почетокот на руско-украинската војна и нејзините последици во изминатите пет години, политиката на „најблиску до шведската маса“ веќе не дава позитивни резултати за Германија. Врз ова влијаеше нејзината определба да биде промотор на санкциите против Русија (со што ја загуби втората маса), измената во економската политика на САД кон ЕУ преку високи царински стапки (со што се удри по првата маса), како и неселективното примање огромен број странци (третата маса) кои домашната заедница не може да ги апсорбира. Како резултат на тоа, базичните бренд индустрии влегуваат во длабока рецесија. Наместо да ја признаат сопствената вина за економските проблеми, владејачките елити почнаа да манипулираат со граѓаните. Но, оваа ситуација маестрално ја искористи крајната десница за сопствен политички профит, претставена преку партиите Алтернатива за Германија (AfD) и Шведските демократи (Sverigedemokraterna – SD).

Тие ги придобија разочараните, незадоволни и гневни домашни работници со едноставна порака: „Државата веќе нема пари за вашите права, бидејќи троши милијарди евра за социјално издржување на неинтегрирани странци.“ На тој начин, AfD денес станува потенцијална иднина за новото време во Германија.

Идеолошкиот пад на левицата

Клучниот фактор што целосно им ги намали аргументите на левичарските и социјалдемократските партии пред гласачите беше нивното радикално идеолошко скршнување. Левицата целосно ги напушти економските прашања и интересите на „класичната“ работничка класа. Наместо тоа, фокусот на нивната политичка борба беше ставен врз правата на одредени маргинални групи во општеството.

Ова не само што не донесе зголемување на гласачкото тело, туку придонесе за намалување на традиционалните симпатизери. Овој чекор дополнително ги намали можностите на левицата да ја смени политичката тенденција во своја полза или барем да го забави напредувањето на крајната десница. Без симпатии кај мнозинството гласачи со разнишана доверба и без цврста програма свртена кон правата на работниците, левицата не раѓа, не создава и не негува политика за XXI век.

Моделот на стабилност: Швајцарија и Луксембург (Демаскирање на митот)

Целокупната општествена состојба во Германија и Шведска станува кристално јасна откако ќе биде извршена компаративна анализа со држави како Швајцарија и Луксембург за истиот триесетгодишен период.

По анализирање на достапните податоци за странците во овие две држави и политиките што биле водени во нив [5], компаративната анализа ја демаскира политичката манипулација на десницата дека самите странци се примарната причина за лошите состојби во економијата и во државата. Швајцарија и Луксембург имаат драматично повисок процент на странци во структурата на населението отколку Германија и Шведска. Сепак, во овие две земји нема запалени автомобили, бандитски војни, ниту масовни улични немири меѓу полицијата и странците или меѓу домашното население и мигрантите [6]. Причината е едноставна: тие применуваат строг, ултра-селективен економски модел за прием. Во Швајцарија и Луксембург не може да се влезе без претходно потпишан договор за работа и висок профил на продуктивност. Странците таму не се товар на социјалниот систем, туку двигатели на економското богатство од кое корист имаат и домашните граѓани.

Сепак, од социолошки аспект, овде мора да биде воведена една клучна варијабла која делумно ја модифицира почетната хипотеза: културолошките и цивилизациската структура на мигрантите. Странците во Швајцарија и Луксембург главно доаѓаат од други европски земји (Португалци, Французи, Германци, Италијанци) – тие се претежно белци и христијани. Наспроти нив, најпроблематичните групи во Германија и Шведска доаѓаат од Блискиот Исток и Африка – заедници со исламска религиска припадност и значително различна културолошка матрица. Ова докажува дека конфликтот не е генериран само од сувите економски бројки, туку од длабокиот цивилизациски јаз што системот не успеа да го премости.

Пред крстосница: Две сценарија за иднината на Европа

Европскиот континент денес се наоѓа пред историска крстосница, а одлуката што ќе ја донесе во оваа декада ќе го одреди неговото лице за следниот век. Пред Европа се отвораат две радикално различни патеки:

–Првата насока (Хуманистичка ревитализација): Европа избира, по цена на сериозни економски потреси, да ја задржи својата суштинска определба за негување на позитивните социјални вредности. Во ова сценарио, државите управуваат со потенцијалната криза без да ги жртвуваат принципите на социјална држава и благосостојба. Ова подразбира итно враќање на левицата кон реалните права и економски интереси на работниците. Истовремено, се спроведува масовна едукација на домашното население за надминување на ксенофобијата, но и строга, задолжителна социјализација на странците според европските секуларни вредности.

– Втората насока (Конзервативна ескалација): Оваа патека води кон историска победа на крајната десница на изборите во наредната декада, самостојно или преку цврсти десничарски коалиции. Ова сценарио носи драстично влошување на општествените состојби. Може да се очекува дека новите власти со законски измени ќе ги укинат социјалните права за странците, ќе започнат масовни депортации и ќе воведат полициска репресија. Ваквиот тек на настаните неминовно создава предуслови за ескалирање во отворени, насилни судири на државниот апарат со странците (претежно припадници на радикални исламистички групи), претворајќи ги европските градови во трајни зони на конфликт.

Која патека ќе ја избере Европа зависи од тоа дали нејзините елити ќе продолжат со манипулациите за висок профит, или пак, обичниот човек – работникот – конечно ќе си го врати правото на глас и безбедност во сопствениот дом.

Славе Младеновски социолошки аспекти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

ВЕСТИ July 21, 2026

Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината…

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.