Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еврото е воведено пред 22 години, 12,2 милијарди германски марки се уште се во оптек

0
By Gabi Tocko on December 17, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 17, 2023 19:59

Речиси 22 години по воведувањето на еврото, во оптек се уште 12,2 милијарди германски марки кои граѓаните не ги замениле за евро, објави Централната банка на Германија.

„Кон крајот на ноември во оптек сè уште имаше 12,2 милијарди монети и банкноти од германски марки, односно 6,24 милијарди евра“, изјави директорот на германската Централна банка, Буркхард Балц во интервју за агенцијата ДПА.

Тој потврди дека само годинава за евра се заменети 53 милиони марки.

„Сметаме на тоа дека и следната година ќе има масовна размена на марки во евра. Зачуден сум од фактот што и во третата деценија по воведувањето на еврото, колку марки се уште не го пронашле својот пат до Централната банка“, додаде Балц.

Тој смета дека одредено количество марки никогаш нема да се заменат за евра бидејќи ќе останат во збирките на нумизматичарите. Во оптек сè уште има банкноти во вредност од 5,7 милијарди марки и монети во вредност од 6,6 милијарди марки.

Балц верува дека голем дел од марките кои се уште не се вратени во Централната банка на Германија се наоѓаат во странство.

„Германската марка сè уште е најпосакувана резервна валута ширум светот“, рече Балц.

Досегашните истражувања покажаа дека многу германски марки се наоѓаат во земјите од кои најмногу доаѓаат странски работници во Германија, како Турција и земјите од поранешна Југославија.

Германија е една од шесте земји на Европската унија каде што нема временско ограничување за размена на старата валута за евро.

Г. Т.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.