Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еврозоната сака контрапредлог од Кипар

0
By Нова ТВ on March 20, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврозоната очекува од кипарските власти „противпредлог”, откако кипарскиот парламент го отфрли пакетот мерки за помош со кој Европската унија сметаше да ја спаси својата најмала членка од банкрот.

„Очекуваме противпредлог со ист ефект”, изјави во Брисел во вторникот навечер за AFP функционер кој сакал да остане анонимен.

Кипарскиот парламент во вторникот навечер по бурна расправа со 36 гласови против и 19 воздржани го одби планот за помош во износ од 10 милијарди евра којшто Меѓународниот монетарен фонд и еврозоната го условуваа со еднократно оданочување на банкарските влогови од 6,75 отсто за депозити до 100 илјади евра и со 9,9 проценти за заштеди над таа сума.

На Кипар за стабилизирање на неговите финансии потребни му се 18 милијарди евра, а европскиот предлог првпат во историјата го зафати неприкосновеното право на приватната сопственост и бара од Кипар со данокот на штедните влогови да обезбеди уште 5,8 милијарди евра. Еврозоната сека, по одлуката на кипарскиот парламент, очекува предлог од Никозија кој би имал ист ефект.

Грчката влада, којашто е најмногу засегната како „покровител” на Кипар чиј банкарски систем колабираше токму поради преголемата изложеност на грчкиот јавен долг, побара од еврозоната да го „коригира” пакетот за помош на Кипар кој тамошниот парламент го одби.

Грчкиот страв е и поради тоа што многу грчки граѓани на почетокот од длабоката грчка криза ги префрлија своите заштеди во филијалите на грчките банки, иако пристигнаа примирувања дека со еднократното оданочување нема да бидат опфатени филијалите надвор од Кипар.

Барањето на грчката влада го соопшти лидерот на социјалистичкиот ПАСОК, Евангелос Венизелос, малцински партнер во владата на конзервативниот премиер Антонис Самарас. Венизелос рече дека предложениот пакет бил „историска грешка на еврозоната” и нагласи дека итно мора да се коригира за да се заштити и Кипар и стабилноста на еврото.

Пер Штејнбрук, кој есенва на парламентарните избори во Германија ќе биде социјалдемократскиот конкурент на германската канцеларка Ангела Меркел, во вторникот оцени дека Меркел е одговорно за кипарското одбивање на тој палн, како иде станува збор за „очигледна политичка грешка”.

„Одлуката на кипарскиот парламент да го одбие европскиот пакет помош покажува дека проектот кој настана со придонес на министерот за финансии Волфганг Шојбле и накцеларката – пропаднал. И малите штедачи се преплашија и тоа само ја зајакна кризата. Тоа е очигледна политичка грешка”, рече Штејнбрук.

Кипарските медиуми во вторникот навечер пишуваат дека владата сега се обидува со „тројката” (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) повторно да преговара за условите за добивање на европската помош, а истовремено и да смисли друг начин да дојде до потребните 5,8 милијарди евра.

Пакетот за Кипар од 10 милијарди евра е мал споредено со заемите што ги добија другите земји од еврозоната западнати во криза, како Грција на пример, но претставува повеќе од половината од 18-те милијарди евра вредност на кипарската економија, пренесува макфакс.

Кипар, иако е најмалата земја членка на Европската унија, според стравувањата на експертите, неговиот банкрот би можел да го дестабилизира европскиот финансиски систем. Вистинскиот проблем на Кипар е тамошниот банкарски сектор, бидејќи е неколкупати поголем од кипарската економија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.