Ф1 шампионoт Михаел Шумахер ја напушти болницата во Гренобл и повеќе не е во кома, изјави неговото семејство, јавува Би-Би-Си.
45-годишниот Германец ќе ја продолжи неговата рехабилитација на непозната локација, се вели во соопштението.
Шумахер беше ставен во медицински индуцирана кома откако доживеа тешка повреда на главата на скијачка несреќа на француските Алпи, на 29 декември.
Неговото семејство се заблагодари на луѓето кои праќаат пораки на поддршка, велејќи: “Ние сме сигурни дека тоа му помогна”.
Тие исто така ја пофалија “одличната работа” на медицинскиот персонал во болницата во Гренобл, во југоисточниот дел на Франција.
Лекарите го чуваа седумкратниот шампион во кома за да помогне да се намали отокот во неговиот мозок.