Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

0
By Zoran Ivanov on August 8, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 8, 2025 20:21

Глобалната консултантска фирма од САД, Бостон Консалтин Груп, разгледува планови за преселување на околу 25% од палестинското население во други земји, вклучително и Сомалија, како дел од моделот за реконструкција на повоената Газа, објави.

Во февруари, американскиот претседател Доналд Трамп предложи преселување на повеќе од два милиони Палестинци од Газа во соседните земји, со цел енклавата да се претвори во „блискоисточна ривиера“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја пофали идејата и во четврток изјави дека Израел ќе изврши целосна воена контрола врз Газа, по што управата ќе ја преземе преодна арапска влада.

Моделот на БЦГ вклучуваше преселување на околу една четвртина од населението на Газа во неколку земји, вклучително и Сомалија и отцепениот регион Сомалиленд, и покрај граѓанскиот конфликт и тешката сиромаштија во тој дел од Африка.

Вашингтон, според „Фајненшл тајмс“, одржал прелиминарни разговори со Сомалија како дел од поширок договор што би вклучувал отворање на американска воена база во замена за признавање на независноста на регионот. Прифаќањето на раселените Палестинци беше една од точките на преговорите.

БЦГ го разви моделот во март, работејќи за група израелски бизнисмени кои изработуваа планови за Газа по војната. Планот вклучуваше неколку сценарија и проценки на трошоците за „програма за привремено преселување“.

Фирмата наводно ги доставила овие податоци до американската администрација и други „релевантни засегнати страни“, а се предвидуваше дека повеќето раселени Палестинци нема да се вратат.

БЦГ подоцна се дистанцира од контроверзниот проект и го отпушти персоналот што работеше на него.

Клучните земји во регионот, како и голем број европски сојузници на Вашингтон – вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Германија – одбија да учествуваат во планот за преселба, а Обединетите нации изјавија дека таквата мерка би претставувала етничко чистење.

 

 

Палестинци преселба Сомалија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.