Поради немањето кворум, заменикот на претседателот на Собранието, Фадил Зендели, кој претседава со седницата на која требаше на дневен ред да се најде иницијативата за гласање на недоверба на Владата поднесена од опозициските пратеници, ги повика и пратениците од власта да влезат во салата за да обезбедат кворум.
-Во моментов сепак нема кворум за изгласување на дневниот ред. Не присуствуваат ниту членовите на Владата, кои треба да се тука. Затоа ќе ја прекинам седницата, а продолжение ќе има во текот на денот. Кога ќе биде тоа дополнително ќе ве информирам, кажа Зендели.
Собраниските служби утврдија дека во салата се присутни 58 пратеници и дополнително уште двајца во посебните простории, бидејќи се заразени со коронавирусот, што прави збир од 60 пратеници.