Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Факултетите и научните установи можат да аплицираат за модернизација на лабораториските услови и ресурси

0
By Ivana on August 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 10, 2021 12:05

Министерството за образование и наука со согласност од Владата, по цела деценија повторно ја отвори можноста за факултетите и научните установи во државата да аплицираат за средства од државниот Буџет со кои ќе ги унапредат своите научно–истражувачки капацитети преку модернизација на условите во лабораториите. Вкупно 17,3 милиони денари за оваа намена ќе бидат распределени преку јавниот повик кој е во тек и може да се погледне на следниот линк. 

-На повикот, со свои предлог-проекти за развој на лабораториските ресурси можат да се пријават државните универзитети – факултети/научни институти и јавни научни установи – националните научни институти, како самостојни ентитети кои вршат дејност од посебен и јавен интерес за државата. Аплицирањето трае до 20 септември, соопшти МОН.

Од ресорното Министерство информираат дека предвидени се три типа поддршка. Тоа се: доделување средства за формално признавање на компетентноста на лабораториите, на пример преку акредитација на методите кои ги применуваат во работењето, поддршка за одржување на техничката компетентност и воведување нови аналитички методи во рамки на лабораториите и поддршка за набавка на опрема, што подразбира модернизација на лабораториската инфраструктура.

-Еден од условите за добивање средства е ресурсите кои ќе се обезбедат, не само да бидат достапни за истражувачкиот персонал вработен во рамки на установите, туку пристап до нив, за истражувачки и едукативни цели треба да им се обезбеди и на надворешни корисници, односно научници и истражувачи со идеи за проекти од особена важност за државата и јавниот интерес, стои во соопштението.

За Владата и за Министерството за образование и наука, како што се наведува, зголемувањето на вложувањата во научно-истражувачката дејност е еден од приоритетите, како основен услов за напредок на општеството, повисок економски раст и конкурентност на националната економија. Политиката на поттикнување на научно-истражувачката дејност преку обезбедување на зголемена буџетска поддршка има за цел да се зголеми учеството на БДП во науката и Република Северна Македонија да го достигне нивото на земјите од регионот и од ЕУ.

Буџетот за наука, кој во 2018 година изнесуваше 252 милиони денари, за три години е речиси двојно зголемен, а земјава продолжува да биде и корисник на значително зголемените буџети во рамки на меѓународните програми за наука, истражувања и иновации, како „Хоризонт Европа“.

модернизација научни установи ресурси факултети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.