НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фамилијарното судство метастазирано и на локално ниво

2
By Нова ТВ on June 8, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фамилијарното судство метастазирано и на локално ниво

Пишува Саше Димовски

Петар Трајковски од Гевгелија испратил серија поплаки до Министерството за правда во изминатите неколку години, жалејќи се дека тој и негови колеги од гевгелиски фирми не можат да ги остварат правата пред локалниот суд во градот. Како главна причина за ова ги наведуваат блиските семејни релации помеѓу судии, обвинители и адвокати кои работат во спрега и во корист на сопствениците.

-Од министерството за правда или не добивав одговори, или пак ме препраќаа за ова да го известам Судскиот совет, Советот на обвинители или повисокиот суд со жалба. Но, речиси никој не презеде ништо. Формално отворија постапки за разрешување на судиите за кои се жалевме, но не им направија ништо, тие и натаму судат предмети. Беа разрешени само двајца обвинители, вели Трајковски.

Трајковски го затекнавме во локален бар во Гевгелија каде што со своите пријатели револтирано ни ги објаснуваа локалните конекции на судиите и обвинителите.

-Вие медиумите секогаш пишувате само за врските во судовите во Скопје, во главните судови. Ништо не е поразлично на локално нови. Како рак да го фатило целото општество, се жалат Трајковски и пријателите.

Според нив, ваквите врски фрлаат сериозно сомневање врз начинот на тоа како се дели правдата во Гевгелија.

Кадија те тужи, кадија те суди – роднини на Боркица Груевска на клучни позиции во гевгелискиот правосуден систем

Претседател на гевгелискиот суд е судијата Драги Дилберов. Неговата сестра Мирјана Делева е јавен обвинител, а нејзината ќерка работи како стручен соработник во судот. Нашите соговорници велат дека на овој начин тој има директна контрола врз работата на обвинителството. Податокот дека Драги и Мирјана се во роднински врски со сопругата на премиерот Никола Груевски, Боркица Груевска, влеваат уште посилна недоверба кај гевгеличани за тоа како се дели правда во нивниот град.

– Според претходниот закон за кривична постапка, Дилберов одлучуваше како претседател на кривичен совет во судот со што директно се контролираше работата на обвинителството . Судот треба да е вистински контролор на обвинителството, но дали тоа се правеше ако сестрата е обвинител, а братот судија и претседател на судот, прашува гевгеличанецот Трајковски.

Пред обвинителството во Гевгелија биле поднесени кривични пријави за Дилберов и судии за кои не преземал ништо да ги спречи во дејствијата што ги правеле, но, обвинителството во кое неговата сестра е една од тројцата обвинители, ги отфрлило кривичните пријави. Таква одлука донел и Судскиот совет во постапката што била покрената за негово разрешување.

Сепак, врските на Дилберов не завршуваат тука, велат гевгеличани. Неговата ќерка сега е вработена во Уставниот суд на Македонија и работи во кабинетот на судијка која порано била судија на Основниот суд во Гевгелија, каде што Драги Дилберов е претседател. Ќерката на гевгелискиот претседател е мажена за синот на судијка од Основниот суд во Битола. Судскиот совет го избра за претседател и покрај тоа што има една и пол година до пензионирање, пракса која до сега не била во македонското судство бидејќи за претседатели се избирале судии кои имаат најмалку 4 години до пензионирање за да можат да го завршат целосно мандатот кој трае 4 години.

Но случајот во Гевгелија не е единствен каде што граѓаните посочуваат семејни релации и на тој начин изразуваат сомневање во донесувањето на пресудите.

Во Македонија има формирано и здруженија на граѓани кои ги регистрираат случаите на непотизам во судството на локално и централно ниво и со заедничка помош се штитат со жалби пред повисоките судови.

Сепак, непотизмот и роднинските релации во судството не се за занемарување во највисоките судови во земјава, кои се поатрактивни, зашто тие одлучуваат во конечна фаза и многу е полесно да се коригира одредена одлука во корист на еден или друг заинтересиран.

Сестри, баџанаци, кумови и братучеди на топ функционери на клучни позиции во правосудството

Да почнеме со Врховниот суд на Република Македонија. Таму судијка е Емилија Илиевска, сестра на сопругата на Сашо Мијалков, доскорешниот директор на тајната полиција и братучед на премиерот Никола Груевски. Сопругот на судијката Илиевска, Јован, е главен обвинител на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и заменик на Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Напредувањето на Илиевска од судија на основниот суд, преку судија на Управниот суд, па од таму во Врховниот суд на Република Македонија е сторена во мандатот на ВМРО ДПМНЕ, каде што нивните роднини се на високи политички и државни функции.

Трајко Вељановски е претседател на Собранието на Македонија од 1996 година. По неговото именување на ова место, неговиот кум, Јово Вангеловски адвокат од Скопје е избран директно за судија на Врховниот суд, а веднаш потоа и за претседател на судот. Во ист ден со Вангеловски беше избрана за судија и професорката на Правниот факултет Родна Живковска која поднесе оставка неколку дена подоцна, во знак на револт што за претседател бил избран адвокат без ниту еден ден судиски стаж, наспроти нејзиното професорско искуство.

Прислушуваните материјали од разговорите помеѓу екс министрите за правда и за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Михајло Маневски што ги објави опозицијата откриваат дека „Трајко и Јово“ го контролираат Врховниот суд и тие не можат да издејствуваат пресуда во корист на братот на членка на Судскиот совет, која им е клучен глас при избор и разрешување на судии.

Со Трајко Вељановски, претседател на Собранието се поврзува и изборот на неговата братучетка Виолета Илиевска за судија во Управниот суд.

Конекциите на Мијалков во судството, а преку него и на премиерот Никола Груевски индиректно, не застануваат само на претходно споменатите баџанак и балдза. На високи позиции експресно дојде и Мирјанка Стефановска Гоцевска, братучетка на Мијалков.
Гоцевска беше судија на основниот суд во Штип, по што беше избрана за судија на Управниот суд во Скопје, па на Апелациониот суд во Штип, од каде што е избрана за член на Судскиот совет, телото кое ги избира и разрешува судиите.

Прислушуваните разговори открија како Сашо Мијалков им соопштува на негови соработнички и познанички дека ќе ги изберат за судии, а со нив и разговара кој друг да биде или да не биде избран за судија.

Мијалков ја известува Сафија Лаличиќ дека ќе биде избрана за судија на Основниот суд Скопје 1, со стаж од едвај три години по полагање на правосудниот испит, а истото се случува и со неговата соработничка Светлана Костова која ја избираат за судија на Вишиот управен суд во Скопје, кој одлучува за предмети на територијата на целата држава во управна постапка.

Александра Зафировска која неколку години беше претседтел на Судскиот совет, а сега член, има директна роднинска врска со Зоран Теофиловски, судија и заменик претседтел во Апелациониот суд во Гостивар.

Теофиловски е сопруг на сестрата на Зафировска, избран кога таа е во Судскиот совет. Пред да биде избран за судија бил и заменик министер за правда. Од позицијата судија, Теофиловски гласал за избор на Александра Зафировска за нов мандат во Судскиот совет.

Од позиција член на Судскиот совет, Александра Зафировска по закон е должна да ја преиспитува и да ја оценува работата на својот зет. Според поставеноста во Судскиот совет Зафировска е судија на Основниот суд во Тетово, а нејзиниот зет Теофиловски како судија на Апелацискиот суд во Гостивар и е надреден и по нејзиното враќање во Тетово тој би требало да одлучува по жалби на нејзините одлуки.

Иво Котевски е помошник министер во МВР. Неговата сопруга Маја Маркова Котевска со стаж од само три години како судија на Основен суд беше избрана за судија во Апелациониот суд. Сега законот предвидува стаж од најмалку 8 години судија во Основен суд за да може да биде избран во повисок суд. Нејзината мајка, пензионираната врховна судијка Љубинка Маркова до неодамна беше член на Државната комисија за спречување на корупција, која по закон е должна да го испитува имотот на избраните и именувани функционери. Нејзниот син е адвокат чие што адвокатско друштво за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ успеа да собере импресивна листа на клиенти. Помеѓу нив некои од најмоќните компании во земјава, но и компании чијашто сопственост е нејасна и се крие во офшор државите, а често нивната сопственост во новинарските истражувања била доведувана во конекција со високи функционери и лукративни државни тендери.

Ако татко ти е владика и ти ќе бидеш поп

Неџат Елези беше судија на Основниот суд Кичево. Сега е заменик на Јавниот обвинител на Македонија. Неговата ќерка Лирије Елези пред три години директно од Академијата за судии и обвинители беше избрана за судија во Кривичниот суд во Скопје.

Теута Арифи е градоначалник на Тетово од редовите на ДУИ и потпретседател на партијата. Нејзниот сопруг е избран за судија на Врховниот суд. Во Врховниот суд избрани се и Џемаили Саити иФаик Арслани, двајцата поранешни министри за локална самоуправа.

За судија на Врховниот суд директно од позицијата судија на Основен суд избрана е и Милка Радевска Стефкова, сопруга на Сашо Стефков, амбасадор на Македонија во Грција.

Слични примери имаме и во Струмица, каде што јавен обвинител е Лидија Георгиева, а нејзиниот сопруг беше судија во Основниот суд во Струмица, а сега во Апелациониот суд во Штип.

На листата на локални судски релации е и Рушка Папарова, судија на Апелациониот суд во Штип и донеодамнешен член на Судскиот совет. Нејзината сестра беше судија во Основниот суд во Струмица, ќерката и е обвинител во Свети Николе, сопругот и зетот адвокати од Штип, а внукот судија во Основниот суд во Штип. На друг судија во Штипскиот суд, Папарова пак му е кума.

Шоип Фидани беше судија во Основниот суд во Гостивар, па во Апелациониот. Беше разрешен откако новинар откри дека судел предмет каде што неговата мајка била странка во предметот. По разрешувањето од судија, Владата го назначи за државен правобранител за подрачјето на Гостивар. Братот на Шоип Фидани, Африм Фидани е судија на Апелациониот суд во Скопје.

Меѓу луѓето кои беа на позиции во судството, а нивните деца избрани за судии и обвинители се и екс претседателите на Апелациониот суд во Скопје Вели Ведат и Љупка Арсениевска.
Прислушуваните материјали открија како поранешниот јавен обвинител Љупчо шврговски договара со екс министерката за внатрешни работи, да се избере синот на Арсениевска за јавен обвинител во Скопје. Ќерката пак на Претседателот на Советот за јавни обвинители Костадин Кизов, кој го избра синот на Арсениевска за обвинител, се вработи како стручен соработник во Апелациониот суд во Скопје кој беше раководен од Арсениевска.

Во друг разговор, Филимена Маневска, го испраќа Влатко Мијалков, братот на Сашо Мијалков, да оди и да заврши некој предмет кај Арсениевска, која Маневска ја опишува како „целосно наша“.

За Виш јавен обвинител е избран Елвин Вели, синот на Вели Ведат, член на Судскиот совет, за кој разговараат министерите Блерим Беџети и Муса Џафери и се согласуваат дека треба да се избере неговиот син, иако Ведат е Турчин.

Двата управни судови во Скопје, исто така се пополнети се блиски роднини на судии, обвинители или на политичари. Во Управниот суд е избрана ќерката на Павлина Христова, судијката која го судеше предметот „Пајажина“, сестрата на оперскиот пејач Борис Трајанов кој ја водеше акцијата „Ден на дрвото“, мајката на сопругата на градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски, и уште десетина други судии кои имаат конекции во судството и политиката.
Во Македонија има 27 основни судови, 4 апелациони, два управни и Врховен суд. Во нив има над 750 судии. Бројот на обвинители е околу 190, а на адвокатите секојдневно се зголемува и може да достигне до 2 илјади.

Во ваков број на правници и мала територија, можат да се најдат уште десетици конекции на судии со обвинители, адвокати и со политички личности.

Прислушуваните разговори открија дека политичарите ги користеле конекциите на судиите и јавните обвинители за да излобираат да се запрат постапките кои се водат против нивни блиски или пак да завршат во нивна корист.

Довербата во судството, сомневањата за корупција, слабата независност, стручност и непристрасност се главните проблеми што со години се нотираат во извештаите на ЕУ и на Американскиот Стејд Департмент.

Изборот на судиите сега се врши од Судскиот совет, за кој политичките бомби открија дека бил комплетно контролиран и партизиран и ги избирал само кандидатите што ги договарале Сашо Мијалков и Гордана јанкуловска во име на ВМРО ДПМНЕ и на Блерим Беџети и Муса Џафери како претставници на ДУИ.

Академијата за судии, која ги едуцира идните судии и обвинители не е повеќе атрактивна, па мораше неколку пати да го поништува изборот бидејќи не се пријавуваа доволно кандидати. Најавувана како реформска, Академијата со месеци функционира и без легално избран директор.

„Еден од главните предизвици е зголемената загриженост изразена во однос на селективноста на и влијанието врз спроведувањето на законот и судството. Основното начело на владеењето на правото, дека правдата не само што мора да се постигне, туку исто така, мора да се види дека е постигната, не е целосно разбрано или почитувано од страна на властите во однос на активностите за спроведување на законот насочени кон конкретни лица или сектори. И понатаму се покренуваат прашања, внатре и надвор од земјата, за можното политичко влијание врз одредени судски постапки. Иако судската структура е формално независна од надворешни влијанија на парламентарната и извршната власт, поединечните судии, исто така, мора да постапуваат независно од било каква форма на притисок, инаку довербата на јавноста ќе биде изгубена и владеењето на правото доведено во прашање. Исто така, потребни се системски подобрувања на квалитетот на правдата, особено појасно аргументирање и транспарентност на судските пресуди (за да се зголеми довербата на јавноста и да се справи со загриженоста за независноста); поголема и подоследна употреба на праксата на повисоките судски инстанци и судската пракса на ЕСЧП (за подобрување на предвидливоста и правната сигурност за поединци и бизниси кои ги користат судовите) и пораспространето спроведување на постојните етички кодекси. Потребна е зајакната заштита за да се осигури дека судските назначувања и унапредувања се засновани на заслуги“, извадок од извештајот на Европската комисија за напредок на Македонија од 2014 година.

Истражувачката сторија е поддржана од НЕД во рамки на проектот „Промовирање на истражувачкото новинарство во сферата на јавните трошења

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.