Фантомските гласачи од Мала Преспа на дело во Ресен. Со автобуси и комбиња од Албанија се носат до Средношколскиот центар „Цар Самоил“ од каде локални функционери на власта ги носат на гласачките места- оваа информација ја соопштува СДСМ.
Во Ресен е и градоначалникот на Мала Преспа, Едмонд Темелко кој е забележан како дели лични карти.
Од СДСМ велат дека секој од овие гласачи ќе биде оспорен со оглед на одлуката на ДИК да се изврши дополнителна проверка по кој основ овие лица се стекнале со лични карти.