„Фатмир Дехари не е само градоначалник на Албанците во Кичево. Тој е градоначалник за сите и сите жители на Кичево се исто ценети за него“ изјави Али Ахмети во Кичево на прославата организирана по повод победата на Фатмир Дехари на изборите во Кичево.
Фатмир Дехари им се заблагодари особено на печалбарите што се вратија во Кичево само да гласаат, како и на Ромите и на Турците и им се обрати на македонски,јави Скај нет.