Facebook најави дека ќе започне да признава повеќе од традиционално утвредените машки и женски пол. Тоа значи дека ќе има 50 опции кои ќе вклучуваат ‘bi-gender’,’transgender’,’androgyouns’ и ‘transsexual’,’ќе им овозможи на луѓето да се изразат на автентичен начин”- соопшти Facebook .
Корисниците исто така ке можат да изберат дали да бидат наведени како “тој”,”таа” или“тие”.
Новите опции првично ке бидат за оние кој го користат сајтот во САД на англиски јазик.
Новите опции беа формулирани по консултации со петте водечки организации за правата на хомосексулаците и трансродовите’- соопшти Facebook.
“За многу луѓе оваа промена нема да значи ништо,но за неколку ке има многу големо влијание .За првпат ке можам да одам на сајтот и ке можам да специфирам кој е мојот пол и ќе можам да споделам само со луѓето што јас сакам да знаат, изјави Фејсбук инжињерот Бриел Харисон за Асошиејтед прес.
Овој потег го одразува растечкото влијание на трансродовите права во САД, кој се залага за сличните граѓански права на геј заедницата”вели за BBC Алистеир Леитхед во Лос Анџелес.
Правниот центар за транссексуалци со седиште во Сан Франциско ја поздрави оваа одлука на ФБ , велејќи дека”многу трансродови луѓе ке бидат воодушевени”.
Една проценка во извештајот на Институтот Вилијамс во 2011 година соопшти дека околу 0,3 % од возрасните во САД биле трансродови што преведено во бројка е 700.000 граѓани на САД.