На Фејсбук е отворена група за поддршка на македонската музичка легенда Вања Лазарова, да добие статус национален уметник и национална пензија.
Оваа група има средба со Лазарова во Домот за стари лица „Милица”.
Вања Лазарова е македонска пејачка на изворни народни песни, доајен на македонската народна музика.
Извесно време работела во Операта при МНТ, а била член и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец”. Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ.
Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија” при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот” на Милчо Манчевски.