После Надал и Швајцарецот Роџер Федерер не успеа да ја одбрани титулата на третиот годинешен гренслем-турнир „Вимблдон“, откако беше елиминиран уште во 2. коло по поразот од Сергеј Стаховски, кој е 116. светски тенисер во моментов, со 1-3 во сетови (6:7, 7:6, 7:5 i 7:6).
Пред него денеска шокантен пораз претрпе и и третиот носител во женска кокуренција, Марија Шарапова, но и поранешните топ-тенисерки Јелена Јанковиќ, Ана Ивановиќ, Каролина Вожњацки, како и поранешниот број 1 (2001) Лејтон Хјуит. Сепак, седум играчи се повлекоа поради повреди: Викторија Азаренка, Жо-Вилфред Цонга, Радек Степанек, Џон Иснер, Марин Чилиќ, Јарослава Шведова, како и Стивен Дарцис кој го порази Надал уште во првото коло.
Азаренка за својот пораз го обвини организаторот за условите на Вилмблдон, односно лизгавата трева, откако претрпе повреда на десното колено, после што извршниот директор Ричард Луис, излезе со изјава по изненадувачкиот број на повлекувања, јавува Си-Ен-Ен.
“Има голем број на повлекувања на првенството и ние сочувствуваме со сите погодени играчи”, изјави тој за официјалната веб-страница на турнирот.
“Но тие повлекувања се случиле од различни причини, иако имаше некои сугестии дека тревата на теренот е причината. Немаме причина да мислите дека ова е случај. Навистина, многу играчи ни дадоа комплимент за многу добрата состојба на теренот”, изјави Луис .