Градоначалникот на Општина Центар пред малку преку социјалната мрежа Фејсбук и се обрати на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, реагирајќи за вчерашните инциденти во општината
„Сега сте, но еден ден нема да бидете министерка за внатрешни работи.
– Не Ви посакувам, по тој ден, да дознаете какво е чувството да Ве нападне организирана толпа, а полицијата намерно да не реагира и со насмевка да ужива во глетката.
– Сепак, верувајте ми на зборот – и во ваква наша Македонија, на крај, сепак ќе победи демократијата!“, стои во рекацијата од Жерновски.