Цeла Хрватска се обедини во помагање на жртвите од поплавите. Но граѓаните не нудат само храна, ќебиња и други материјали, не уплаќаат само донации, туку и нудат сместување во своите домови за оние што останаа без ништо.
Фејсбук отвори неколку страници каде може да се остават контакти и каде што на луѓето им се нуди сместување: Smještaj za žrtve poplava и Slobodno mjesto za evakuirane iz poplava u RH.
(Сместување за жртвите од поплавите и Слободни места за евакуираните од поплавите во Хрватска).
Досега се евакуирани околу 15.000 луѓе. Многу од евакуираните останаа без ништо. Водата им уништи се.
Најтешко е сеуште во Жупањска Сава и општините Дреновици и Гуња. Вчера Славонија ја запиша и првата жртва, кога во Рајево село се удави маж, а уште две лица се исчезнати. Вечерва превентивно беа евакуирани и делови од Славонски Брод, мајки со мали деца, бремени жени и стари луѓе ја поминаа ноќта надвор од своите домови.