Социјалната мрежа „Фејсбук“ е формирана пред десет години на 4 февруари 2004 година и досега има околу 1,23 милиони корисници, што е за 16 проценти повеќе од минатата година.
Заедно со „Википедија“ и „Скајп“, „Фејсбук“ е еден од најдобрите примери за тоа како интернет мрежата овозможува новите иновации да предизвикаат значајни промени во општественото живеење.
„Фејсбук“ е дело на Марк Цукерберг. Кога се појави мрежата пред десет години многумина го споредуваа со интернет страната „Мајспејс“, но техничката виртуозност и неговиот почетен ексклузивитет го истакнаа „Фејсбук“ пред останатите социјални мрежи.
Во почетокот за да станете член на „Фејсбук“ мораше да бидете студент на еден од најелитните американски универзитети – Харвард. Но, набрзо мрежата се прошири и на другите универзитети во САД, за потоа да излезе од универзитетските рамки и да се рашири низ целиот свет.