Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фејсбук во борба против лажните вести,Македонија пак на светската мапа

0
By Нова ТВ on April 4, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основачот на Фејсбук, Марк Цукенберг, преку статус соопшти дека социјалната мрежа во иднина повеќе ќе инвестира во безбедноста на корисниците и сузбивање на лажните вести.

-Денеска правиме важен чекор за да го заштитиме интегритетот на изборите ширум светот, со тоа што ќе избришеме преку 270 страници и акаунти оперирани од руска организаија наречена ИРА. Повеќето од нашите акции против ИРА досега беа за да ги спречат од мешање во странски избори. Оваа новост е за да се избришат нивните страници кои таргетираат луѓе кои живеат во Русија. Оваа руска организација постојано се обидува да ги манипулира луѓето во САД, Европа и Русија, и ние не ги сакаме на Фејсбук било каде во светот.

Еве позадина на нашите заложби да се заштити интегритетот на изборите:

По 2016 година, откривме дека руската ИРА има поставено мрежа од стотици лажни профили кој шират содржини кои се мешаат во американските претседателски избори. Започнавме со истрага на нивната активност глобално и ги бришевме нивните страници и профили.

Оттогаш, ние ги подобривме нашите техники за да спречиме мешање во странски извори, и изградивме понапредни алатки за отстранување на профилите кои шират лажни вести. Имаше неколку важни избори во меѓувреме, при што беа користени овие нови алатки. На пример:

Во Франција, за претседателските избори во 2017, најдовме и избришавме 30.000 лажни профили.

Во Германија, пред изборите во 2017, работевме директно со Федералната канцеларија за информациска безбедност, за да дознаеме од нив за заканите кои ги детектирале и да споделиме инфомрации.

При специјалниот избор во американскиот Сенат на Алабама, ги применивме новите напредни алатки и пронајдовме и избришавме лажни профили од Македонија, кои се обидуваа да расшират лажни информации.

Исто така, значително инвестиравме во безбедноста. Сега ние имаме 15.000 луѓе кои работат на безбедноста и содржините кои се споделуваат. Ќе имаме повеќе од 20.000 до крајот на годинава – напиша Цукенберг на неговиот Фејсбук профил.

Во следните неколку недели ќе биде промовирана алатка со која корисниците на Фејсбук ќе можат да проверат дали лајкнале или следат некоја страница или профил кои се контролирани од руската ИРА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.