„Фервекс“ мора итно да се повлече од продажба, како мерка на претпазливост и тоа во најкус можен рок- аптеките во земјава добиле вакво известување од дистрибутерот на овој лек, потврдија извори за НОВА од Министерство за здравство.
Причината- утврдено било дека во одреден тип на овој производ има нетипично микробиолошко присуство, односно, како што појаснуваат изворите за НОВА, а со контрола на квалитетот на производот е констатирано дека не ги задоволува фармакопејските барања за микробиолошки квалитет. Тоа значи дека во Фервекс е утврдено присуство на микроорганизми кои не развиваат болест, но не ги задоволуваат критериумите на фармацевската индустија.
Станува збор за производот „Fervex Adult Raspberry“ од производителот Bristol Myers Squibb (BMS). Увозник за Македонија е „Фарма Свис“ а дистрибутер „Промедика“.