Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фестивал: Со „Урбан Марко“ на улица во Прилеп

0
By Нова ТВ on October 12, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со првата огнена претстава пред Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа официјално почна тридневниот уличен фестивал „Со Марко на улица“, што ќе трае до 13 октомври.

Првиот фестивал од ваков вид ќе понуди бројни содржини, а целта е да го реактуелизира културното и народното наследство, во овој случај на ликот на големиот собирач на народни умотворби и приказни Марко Цепенков.

– Го отвораме фестивалот „Со Марко на улица“. Ова е нов фестивал во Прилеп, но единствен со таква тематика во државата. Темата е реактуализација на културното и народното наследство преку современи уметнички, технички, иновативни технологии, како сликарски, така и информатички. Ги користиме сите модерни технологии за да успееме да го реактуелизираме, во случајов Марко Цепенков и да го претставиме како урбан херој на нашето секојдневие во 21-от век, изјави Ѕвонко Димески од Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп, кој е организатор на фестивалот.

Фестивалот беше отворен со огнената претстава на групата „Агни“, а до сабота, до кога ќе траат фестивалските денови, ќе има многу тематски содржини. Ќе има зумба часови, програми за деца, театарски работилници, работилница која ќе ја поврзи уметноста со технологијата, дневни кино претстави, студија за цртање мурали, концерти и студио за „боди пејнтинг“ кое што ќе се отвори во сабота во 20 часот.

Филип Мирчески од прилепската седумчлена група „Агни“ вели дека негуваат современи, необични перформанси и досега настапувале на уметнички фестивали надвор од државата. Огнената претстава им е прва и е досега несекојдневна за Македонија.

– За овој уличен фестивал составивме претстава која, на некој начин, го претставува светолото што сите го имаме во нас и како тоа треба да се споделува наоколу, а не да се притиска во себе или да се краде од другите. Претставата е танц со оган и светлината се пренесува едни на други. Групата е составена пред седум месеци, а оваа точка е нашиот прв огнен театар. Досега сме настапувале на различни уметнички фестивали надвор од земјата, но ова ни е прв настап со огнен театар. Досега имавме танцување со оган, а сега вклучуваме и глума. Целта ни е да настапуваме со огнен театар кој ќе содржи повеќе точки како сложен перформанс кој досега го нема во Македонија, изјави Мирчески.

Деталите за програмата на овој уникатен уличен фестивал што се одржува во Прилеп на следниот линк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.