Фестивалот ArtArea е време-место на поврзување на различните уметности: книжевност, филм, театар, музика, поетски перформанс, архитектура, фотографија, анимација, ракотворство. Вљубениците во еден или неколку од овие изразни медиуми ќе откријат непознати убавини другаде, каде што не ги побарале.
Во текот на трите фестивалски дена ќе бидат претставени внимателно одбрани плодови на десетици културотворци.
Фестивалот ArtArea ќе се одржи од 22 до 24 декември во Кино Култура.
Влезот на сите настани е бесплатен.
Организатор на настанот е Бегемот, а главен партнер е Кино Култура.