Јас сум тука, покрај секој од вас што не го прифаќа понижувањето на нашата надеж. Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило. Ние сме гласот на патот на Арбр, а тој пат никогаш не минува преку Али Ахмети.
Ова го порача денеска Арбен Фетаи, вицепремиер за политики на добро владеење од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Тараври кој претходно се повлече од владината коалиција.
Салим Сулејмани, пак, денеска поднесе оставка од сите функции во Алијансата за Албанците како и од функцијата пратеник во Собранието, а повикувајќи се на морална, професионална и политичка одговорност. Со неговата оставка коалицијата Вреди добива нов пратеник.
Во јавна изјава Сулејмани го критикуваше доближувањето до ДУИ и го оцени како „недостоен компромис“.