Тајланѓанецот Ворави Макуди е прогласен за виновен за фалсификување на избори за претседател на фудбалскиот сојуз во неговата земја
Ворави Макуди, поранешен член на извршниот одбор на ФИФА и претседател на фудбалскиот сојуз на Тајланд, е суспендиран на пет години поради фалсификување на избори и други злоупотреби.
Етичкиот комитет на ФИФА го прогласи Макуди за виновен и му одреди и парична казна од 10.000 швајцарски франци.
Лани тој беше прогласен за виновен дека ги наместил изборите за претседател на ФС на Тајланд во своја корист во 2013 година.
Макуди беше член на извршниот одбор на ФИФА цели 18 години. Функцијата ја напушти во 2015 година.