Евро-комесарот за проширување Штефан Филе, на Твитер им прати порака на македонските политичари:
“Силна порака до македонските политичари: време е за компромис… време е да се стават вашите граѓани на прво место.”
Веднаш по пораката, Филе го цитира заедничкото соопштение на ЕУ, ОБСЕ и САД, во кое се нотира критичната крстосница во моментов и токму заради тоа се порачува:
“Мора да се преземат чекори за одалечување од јавните ултиматуми, фиксни позиции и краткорочни тактики, а кон приближување до директен дијалог и компромис од најдобар интерес за граѓаните и државата.
Во овој контекст ги повикуваме политичките лидери да преземат одговорност и без одложување да најдат конечно решение за моменталната политичка криза, се вели во заедничката изјава од ЕУ, ОБСЕ и САД.”