Евроспката Комисија изјави дека Хрватска ги исполнува сите услови да стане членка на Европската Унија на први јули годинава.
Евро-комесарот за проширување Штефан Филе го претстави финалниот извештај за источно-европските земји во кој се оценува дека Хрватска напорно работела и се спроведени сите реформи, а постигнатите резултати ќе бидат бенефит за нејзините граѓани.
Од 27-те земји членки на ЕУ, 5 сеуште го немаат ратификувано зачленувањето на Хрватска, меѓу кои и Словенија која условуваше со надминување на спорот во врска со банките и старите штедни влогови.