Ураинскиот претседателот Виктор Јануковиќ рече дека парламентот ќе го разгледа помилувањето на уапсените демонстранти ако другите се повлечат од улиците и ги тргнат барикадите. Сепак демонстрантите се сеуште на улиците.
Откако премиерот Микола Азаров си поднесе оставка останува владата да функционира усште само 60 дена до изборот на нова влада.
Белата куќа го поздрави напредокот на украинскиот парламент каде вчера беше укинат законот за брана на демонстрации. Потпретседателот на САД, Џо Бајден во телефонски разговор со Јануковиќ му порачал дека треба да работи со опозицијата и да се најде мирно решение на кризата. Тој истакнал дека Украина треба да се насочи кон ЕУ.
Во истовреме рускиот претседател Владимир Путин го критикувал мешањето на страницте. „Мислам дека треба да ја пуштиме Украина сама да си ги реши проблемите“, изјавил Путин.
Денеска во Киев ќе допатуваат шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и комесарот за проширување, Штефан Филе.