На Србија и престои напорна работа и потребна и е одлучност во следните години за да ја постигне целта, изјави денеска пред српскиот Парламент еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Тој потсети на осум приоритетни области во кои е неопходен напредок и дека Србија била успешна во остварување на резулатите.
-Сега мора да продолжите да работите со жар на овие прашања порача во парламентот Филе.
Тој додаде дека членството во ЕУ е прашање кое бара пред се, партиски консензус и дека Србија е добар пример за тоа. Филе изјави дека Белград постигнал добри резултатит во исполнувањето на критериумите за европска интеграција, но оти Европската комисија очекува продолжување на реформите.
Еврокомесарот Филе вчера имаше средби со српскиот премиер Ивица Дачиќ и со членовите на Владата, а денеска со претседателот Томислав Николиќ. После состанокот со Дачиќ, Филе изјави дека следната недела на земјите членки на ЕУ ќе им го предложи планот за преговарање, за престапните преговори да започнат најдоцна во јануари идната година.