Наместо да ги притискам земјите членки јас треба да вршам притисок врз земјите кандидати,се пожали комесарот Филе на Конференцијата за Западниот Балкан која денеска се одржува во Брисел.
Очекував мојата работа да се состои најмногу во притисок на земјите-членки да го одржат процесот, а наместо тоа ги притискам земјите-кандидати да ги спроведат реформите, рече еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел на средбата за Западен Балкан во организација на Европската народна партија (ЕПП).
Тој рече дека е исклучително важно проширувањето на ЕУ да се одржи и покрај економската криза и бројните нерешени прашања во регионот.