Еврокомесарот за проширување Штефан Фуле не сакаше да го коментира откажувањето на Самитот на претседатели на држави и на влади од Југоисточна Европа во рамки на ПСЈИЕ, посочувајќи дека за него е најважна инклузивноста.
„Соработката во регионот мора да биде инклузивна и да се постигне консензус за прием на Косово, што би било поздравено од Европската унија“, рече еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Според него нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е долг процес, а инклузивноста на државите ќе придонесе во неговото решавање.
Во однос на Македонија, Филе со став дека земјата оди напред во реформите, но важна е реализацијата на мартовскиот договор со сите негови точки.
„Нашата визија за иднината ќе се оствари, ако заеднички соработуваме и бидеме добри соседи“, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешното отворање на формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Охрид.
Тој додаде дека земјите од регионот ќе останат упорни за остварување на евроатланската цел.