Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филе за НОВА: Македонија ризикува враќање назад

0
By Светлана Јовановска on June 25, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА: Сега по изборите дали планирате да ја посетите Македонија?

ФИЛЕ: Не, немам план да ја посетам Македонија. Но ја следам ситуацијата со многу внимание. Меѓународната заедница испрати јасна порака, особено околу потребата за која ОДИХР искажа загриженост за да се направи сепарација помеѓу државата и партијата и околу слободата на медиумите. Се сретнав со претседателот Иванов на 15 мај. Се договоривме да се видиме повторно и да ја пдоролжиме дискусијата за многу прашања и предизвици кои државата треба да ги реши.

НОВА: Како је оценувате ситуацијата во земјата по изборите и извештајот на ОДИХР? Можеме ли да кажеме дека изборите беа фер и слободни?

ФИЛЕ: Можам да го повторам прелиминарниот извештај на ОБСЕ-ОДИХР дека изборите беа ефикасно спроведени. Се согласувам со нив и околу проблемите за неврамнотеженото покривање на медиумите и недостигот на сепрација помеѓу државата и партиските активности. Оваа загриженост беше веќе забележана и во 2011 и во 2013 година. Важно е да се види како на таа загриженост ќе и се одговори од страна на оваа влада.

НОВА: Некои ЕУ амбасадори во Македонија се загрижени поради степенот на демократија во земјата. Дали ја делите и оваа оценка?

ФИЛЕ: Во текот на изминатите години земјата направи значаен прогрес во консолидирањето на демократијата. Актуелната загриженост се однесува на ризикот за враќање наназад во многу области во кои порано имаше напредок. На пример, како да се подобрат слободата на медиумите и културата на медиумите, како да се обезбеди судска независност и квалитет на судството какво што граѓаните очекуваат дека треба да им се обезбеди и како да се има конструктивна политичка атмосфера. Сето ова му го објаснив на премиерот и очекувам да видам напредок.

НОВА: Што во оваа ситација може да направи Европската комисија за враќање на демократските процеси во Македонија?

ФИЛЕ: Европската комисија не ги прави реформите во земјата – ние даваме мешавина на технички совети, финансиска асистенција и политичка поддршка за да може земјата самата да ги прави реформите, за доброто на своите граѓани, со сопствена политичка волја и напор.

Освен поддршката што ја даваме, Европската комисија ги набљудува реформите кои се поврзани со доближувањето кон ЕУ, го оценува напредокот со факти секоја година во нашиот Извештај за напредок и испраќа политички препораки до Советот на ЕУ. Следниот извештај ќе биде објавен во октомври и јас не можам отсега да кажам што тој ќе порача.

Ние исто така испраќаме пораки до сите политички актери во земјата секогаш кога се среќаваме со нив околу тоа кои реформи се неопходни за да се обезбеди побрз напредок кон ЕУ. Во моментов најважната и додатна политичка порака е дека е потребен конструктивен дијалог и зрело политичко однесување помеѓу сите политички актери и партии. Онака како што тоа граѓаните го очекуваат…

НОВА: Дали Европската комисија ќе предложи нов Висок политички дијалог или пак размислувате за друга стратегија?

ФИЛЕ: Не гледам потреба да се размислува за нов процес. Веќе го имаме Високиот политички дијалог кој се покажа корисен во идентификувањето и охрабрувањето на реформите потребни за европската интеграција. Тој може да продолжи во истата насока тогаш кога ќе има добри услови за негово продолжување. Но и други предизвици треба да се решаваат како приоритет – некои од нив се оние на кои укажува ОДИХР на пример во однос на слободата на медиумите и недостигот на сепарација помеѓу државата и партијата. Сакам навистина да видам резултати во овие области.

НОВА: Нема сомнение дека е потребен дијалог помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и партиите кои го бојкотираат Собранието и не ги признаваат резултатите од изборите. Дали Европската комисија може да биде некаков медијатор помеѓу нив?

ФИЛЕ: Политичката конфронтација може да биде нормален дел од демократскиот процес. Но една од задачите на политичките партии, без оглед дали се во владата или опозицијата, е да влезат во конструктивен дијалог, секој од нив играјќи ја улогата што им припаѓа, во интерес на земјата и во име на граѓаните кои ги избрале. Излегувањето од демократските институции нив ги ослабнува а во интерес на земјата е да има силни демократски институции.

НОВА: Следниот годишен извештај е веќе во подготовка. Некои пратеници од Европскиот парламент мислат дека препораката за преговори со ЕУ за Македонија не треба да биде повоторена (некои дури велат дека и кандидатскиот статус треба да се одземе) оваа година бидејќи Копенхашките критериуми не се повеќе исполнети. Ја делите ли оваа анализа?

ФИЛЕ: Како што реков, не можам да кажам каква ќе биде нашата оценка во октомври. Како што знаете Извештајот за напредок ги зема во предвид сите релевантни политички и економски критериуми како и тоа како земјата ги хармонизира законите со оние на ЕУ. Како и обично, ние ќе направиме фактичка и објективна оценка и ќе ги извлечеме заклучоците и политичките препораки. Потоа, земјите членки на ЕУ и пратениците од Европскиот парламент ќе ја донесат нивната одлука заснована на нашата објективна оценка и препораките.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

ВЕСТИ September 16, 2025

Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.