Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче бара тројца посебни советници со плата од 55 000 денари

0
By Менче Атанасова Точи on April 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема одговор од Министерството за здравство што ќе го советуваат тројцата посебни советници, какви познавања од здравство треба да имаат, како се пресметува платата и дали сметаат дека е превисока бидејќи не кореспондира со платите на државните службеници во Министерството за здравство кои никогаш не  биле повисоки од 40 000 денари

Оглас за тројца посебни советници во кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче, распиша Министерството за здравство. Во огласот кој важи до 2.ри мај, односно пет дена од денот на објавување се бара посебен советник во кабинетот на министерот за здравство поврзани со имплементација и креирање на здравствени политики и меѓународни проекти , тројца извршители.

Од кандидатите се бара висока стручна подготовка, пет години работно искуство, познавање на англиски јазик и компјутери  и ефективна усна и писмена комуникација. Од тројцата посебни советници  од кои покрај работата преку работната недела, се бара и работа за време на неделен одмор, за време на празници заради извршување на итни и неодложни работи.

Посебните советници ќе бидат вработени во кабинетот на министерот  на определено време за период до истекот на мандатот на министерот.

Нето плата на овие тројца посебни советници на министерот Филипче ќе биде од 35 000 до 55 000 денари.  Во огласот стои дека пристигнатата документација ќе ја разгледува комисија од тројца членови формирана од министерот Филипче, во рок од три дена по завршување на јавниот оглас.

Нема одговор од Министерството за здравство дали се бараат нови кадри или станува збор за некои од тие што веќе се ангажирани во кабинетот на министерот Филипче. НОВА веќе два дена чека на одговор по кој критериум се пресметува платата на овие посебни советници, дали сметаат дека е превисока бидејќи не кореспондира со платите на државните службеници во Министерството за здравство кои никогаш не надминале сума од 40 000 денари.

НОВА, од извори во Министерството дознава дека во кабинетот на министерот Филипче веќе се ангажира околу 10 луѓе, сите млади.

Од кабинетот не одговорија кои се нивните познавања и задолженија и од кои области на здравството ќе го советуваат министерот Филипче.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.