Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Бројот на заболени ќе расте деновиве, 70 посто од новите случаи се стари кластери

0
By Менче Атанасова Точи on June 1, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројките на нови заболени ќе бидат високи и во наредните 2-3 дена. Промена на сликата на бројот на новозаболени може да очекуваме за време на викендот кој доаѓа. Околу 70 проценти од новите 89 случаи позитивни случаи на коронавирус се познати кластери, од Чаир и Сарај каде што интензивно се работеше за време на викендов,  информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

„Добар дел од заразените пациенти остануваат дома и здравствениот систем и со овој бран добро ќе се справи. Согласно сите анализи констатирано е дека нема неконтролирано ширење на вирусот. Денеска се разговараше за евентуално воведување дополнителни рестриктивни мерки, но заеднички став беше дека ќе се почекаат податоците од следните два до три дена и потоа ќе се носи одлука. Во меѓувреме поинтензивно МВР да работи на контрола на теренот за имплементација на мерките кои се во сила, изјави министерот Филипче.

Еден од главните проблеми со кои се соочуваат е слабата соработка со дел од граѓаните, одбивањето да се тестираат, да се пријават во болница дури и кога имаат симптоми и тоа, како што рече, многу често го прават нивните соседи. Тој апелираше дека сите мора да се придржуваат до препораките и да даваат целосни и вистинити информации до надлежните.

Министерот Филипче нагласи дека Комисијата за заразни болести ја анализирала состојбата во изминатите две недели по што заклучиле дека и покрај високите бројки на новозаразени, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, а тоа значи дека поголем дел се со лесна клиничка слика и можат да се лекуваат во домашни услови или еден добар дел се асимтопатски носители.

Во Штип денеска екипи од Државниот санитарен инспекторат направиле увид во работата на Центарот на јавно здравје и на локалниот Кризен штаб што го води градоначалникот.

„ Беше донесена одлука да се затворат пет конфекции до следниот понеделник, за кој период близу 600 вработени ќе бидат тестирани“, рече министерот Филипче.

Според Филипче, во градинките досега се тестирани 3.500 вработени, а за тајмингот за нивно отворање ќе се дискутира во текот на оваа недела, истото важи и за границите.

„Тоа мора да оди полека, синхронизирано. Оваа недела нема отворање на градинките исто и за границите. Ќе следиме, ќе ги видиме бројките. Србија ги отвори границите, утринава разговарав и со министерот за здравство на Бугарија, Кирил Ананиев. Не е коректно да ги отвораме границите ако бројот на заболени расте. За ова ќе разговараме при крајот на ова недела, рече Филипче.

Добар дел  од сега новодијагностицираните пациенти се практично луѓе што  имале комуникација и што биле заразени со трансмисија на вирусот кога имаше ограничување на движењето. Податоците што  ги даваат во епидемиолошките анкети укажуват дека имало практично прекршување на тие мерки што тогаш биле и во однос на прекршување на движење и во однос на собирите, потенцира Филипче.

„ За тоа се пример семејните собири и секако превентивните мерки во однос на носењето на маските. Ние во еден момент мораме да ги попуштиме рестриктивните мерки тие што тогаш беа на сила, но интензивно ја следиме секојдневно ситуацијата и како што кажав доколку има потреба согласно податоците, согласно  локацијата каде се детектираат новите пациенти начинот на трансмисија дали тоа бара или не некаква дополнителна рестрикција во движењето комисијата е спреман тоа да го  препорача. Морам да кажам  дека огромен дел од сите новодијагностицираните  практично кажуваат дека не се придржуваат до мерките за дистанца и носење на  заштитна маска“, рече Филипче.

И на Клиниката за абдоменална хирургија 17 вработени се во самоизолација, откако од Ковид-19 заболела една медицинска сестра. Министерот Филипче рече дека клиниката функционира нормално и дека меѓу вработените кои се во самоизолација нема лекари.

На прашањето на НОВА дали бараат начин како да допрат до граѓаните кои се кријат, не сакаат да се тетсираат и не ги кажуваат контактите, министерот одговори дека планираат поагресивна кампања и тоа од болниците каде што се лекуваат најтешко заболените.

„Да, планираме поагресивна кампања. Ние успешно го амортизиравме ударот досега и граѓаните немаа можност да видат што се случува во болниците, а голем дел и не веруваат дека вирусот постои, дека е опасен. Ќе направиме видео материјали од болниците за да се уверат што се случува таму. Но МВР ни е потребно за брза анализа и за таму каде што треба да се внимава дали се почитува самоизолацијата“, рече Филипче.

Сепак, граѓаните се револтирани и на функционерите кои во оваа ситуација не покажаа дисциплина, одат на собири, се однесуваат како законите за нив да не важат, постојано одат во самоизолација. НОВА го праша министерот Филипче зошто фукционерите и политичарите не ги почитуваат мерките, кога тие треба да бидат пример за останатите граѓани и зошто не се санкционираат.

“Функционерите, напротив ги почитуваат мерките, не се обидуваат да прикријат ништо, се придржуваат до мерките, но заради ризикот од контакти како што беше тој во Куманово на пример, одат во самоизолација“, одговори министерот Филипче.

Тој одговарајќи на прашањето на НОВА дали епидемилозите потфрлија со врвот на епидемијата и дали мерките се укинати пребрзо, одеднаш, одговори дека тајмингот е добро испланиран. Сепак, рече, луѓето мора да се придржуваат на мерките и животот полека мора да се враќа во нормала.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.