Венко Филипче: Како човек, секогаш сум имал длабока почит кон секој што со својот труд го движи општеството напред. Како претседател на СДСМ, мојата обврска е таа почит да се претвори во реална политика за поддршка на работниците и нивните права. СДСМ отсекогаш стоел на страната на работниците. Додека бевме на власт, се боревме за покачување на платите, за подобри услови за работа, за сигурност и почит кон секој работник. Сега, и во опозиција, продолжуваме со таа борба. Има уште многу работа и борба пред да кажеме дека живееме во фер и праведно општество – општество што целосно го цени трудот на работникот. Но СДСМ нема да престане да се бори за такво општество. Кога сме заедно, кога сме гласни и истрајни, можеме да направиме промени. Овој ден нека не ни биде само празник. Нека биде потсетник дека секој што работи заслужува достоиснствена плата, време за семејството и глас што се слуша. Честит 1 Мај!