Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Пристигнуваат најавените 10.000 дози од „Фајзер“

0
By Нова ТВ on April 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство венко Филипче соопшти дека денеска во земјава се очекува да пристигнат уште 10.000 од најавените дози на вакцини од производителот „Фајзер“, кои се обезбедени преку директен дооговор со компанијата.

– Вакцинацијата се одвива добро. Во салата „Борис Трајковски“ се врши  ревакцинција по три недели од вакцинацијата со вакцината „Спутник В“. Во саботата доцна навечер, практично в неделата наутро стигна нова количина од 20.000 вакцини „Спутник“ од кои 7000 ќе бидат наменети за ревакцинација на вработените во критичната инфраструктура, додава Филипче.

Тој истакнува и дека во наредниот период треба да стигне и одредена количина преку системот на солидарност од ЕУ преку Австрија.

– Сето тоа влегува во нашиот распоред како ќе се распределуваат вакцините. Има неколку пункта во државата, освен во Скопје, каде има фрижидери за вакцината на „Фајзер“ и тие се распределуваат и кон околните центри на тој начин што здравствените домови согласно бројот на закажани граѓани секое утро подигнуваат одредена количина од вакциналните пунктови во Куманово, Штип, Битола, Охрид, Тетово и во Кавадарди и така се прави распоредот и регионално, рече Филипче и додаде дека тоа се местата каде што завршува процесот на опремување на салите во рамките на училиштата.

Тој нагласи дека веќе е завршено опремувањето на салите во Охрид и во Штип, денеска ќе заврши во Битола, а останатите три ќе бидат до крајот на неделата, за да ги сместат и практично ги лоцираат вакцините кои треба да дојдат од Кина, вкупно 200 000.

– Според информациите, тие околу 28 април треба да се подигнат од Пекинг, на 30 април преку Истанбул да стигнат во Белград, а после тоа со специјален ланец на камиони да стигнат во Скопје и ќе бидат сместени во ладната соба во Поликлиниката „Јане Сандански“, рече Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.