Венко Филипче: Прочитан си Мицкоски, прочитан си како буквар. Не направи ниту една реформа во судството, не те интересира правда.
Јавно ги прашувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да спроведат ништо, ниту една реформа, ВМРО-ДПМНЕ веќе е очајно кога зборува за судството.
Година и пол наназад поставуваат свои судии, свои обвинители и само го партизираат судството. Нема ништо суштински од спроведувањето на реформите.
Јас бев тој којшто понудив рака бев состанок кај примерот да направиме заеднички работни групи да се спроведе реформската агенда а досега не е донесен ниту еден реформски закон од сферата на правосудството.
Од вкупно 12 закони кои што требаше да се донесат оваа година, седум од нив до јуни 2025 година и уште пет до крај на годинава – ниту еден.
Не само што не е донесен, не е ниту поднесен од страна на министерството за правда во Собранието.
Извор: Фејсбук