Венко Филипче: Додека СДСМ беше на власт, приоритет во услови на кризи беше заштитата на граѓаните и економијата, за разлика од денешната состојба со енергетскиот сектор.
Кога ние во еден добар дел од нашето владеење сме соочени со криза што треба да направиме, да ги заштитиме граѓаните. Дали ги заштитивме да. 2 милијарди евра отидоа како мерки поддршка кон граѓаните дел од тие пари сега се враќаат. Пари коишто отидоа кај граѓаните и кај компаниите да се заштитат компаниите.
Над 80 илјади вработници беа заштитени, 20.000 компании не се затворија поради нашата поддршка, сметките за струја беа субвенционирани за сите граѓани, за сите граѓани. 600 илјади семејства беа поддржани преку сметките за струја.
Тогаш цената на струјата беше пет пати поскапа отколку што е сега, пет пати а сега гледајте ќе има поскапување на струјата за три проценти.
Причината за новиот удар врз граѓаните е лошото управување со домашните енергетски капацитети и неконтролираниот увоз. Со поскапувањето на струјата поради тоа што лошо се менаџира енергетскиот сектор. Не работи РЕК Битола туку само се увезува струја. Не може така да ја пуштите енергетиката и само да ја увезувате струјата 62 милиони евра се потрошени за тоа, само за увоз за струја.
Извор: МТВ



