Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Во среда почнува имунизацијата, во април очекуваме вакцини од повеќе места

0
By Нова ТВ on March 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска се завршуваат сите административни работи во Агенцијата за лекови во однос на дозволата за вакцините кои стигнаа во нашата држава на Астра Зенека да бидат пуштени во употреба, а денеска и утре тие ќе се дистрибуираат во сите градови во земјата и во среда ќе започне процесот на имунизација онака како што најавивме, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека 20 000 граѓани кои се веќе пријавени се на возраст над 75 години, во текот на денешниот и утрешниот ден преку матичните лекари ќе добијат термини согласно местото на живеење во кој пункт и во кое точно време од среда натаму да се јават на вакцинација.

Во делот на масовна имунизација, како што најави, од утре почнуваат подготовки и во текот на следната недела ќе биде целосно подготвен големиот пункт во спортската сала Борис Трајковски. Според најавите од кинеската Амбасада, додаде, тие интензивно работат во делот на обезбедување на точниот датум на транспорт. Компанијата Фајзер го потврдила одговорот и во петокот стигнала потврда дека оваа недела треба да се потпишат договорите со земја челнка на ЕУ и тоа е повторно со компанијата Фајзер.

– Април ќе биде месец кога очекуваме вакцините да стигнат од повеќе места и после оваа приоритетна група граѓани над 65 години и други граѓани да се повикаат и да бидат вакцинирани, рече Филипче.

Во однос на болниците изминатата недела, посебно викендов, Филипче рече дека огромен број пациенти побарале болничка заштита. Посочи дека со сите директори на јавно здравствените установи каде се лекуваат пациенти на Ковид-19 направиле целосна организација.

Порача граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи, како што рече, ова е специфичен период.

– Има доволно болнички места, нема потреба за паника, но со почитување на мерките сите помагаме трансмисијата на вирусот да се намали, додаде Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.