Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче:Инсулинска криза нема да се повтори-паралелниот увоз се менува

0
By Менче Атанасова Точи on December 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Инсулинската криза е надмината и ова веќе никогаш не смее да се повтори, изјави денеска на прес конференција министерот Венко Филипче. Тој посочи дека вината за едномесечната криза е во пропустот  во процедурата бидејќи добавувачот нема доволно време однапред да ја набави потребната количина и да има залихи од инсулини за три месеци. Филипче најави дека денеска ќе бидат соопштени и резултатите од испитувањата на инсулините кои се развлекоа цел месец поради стандардизирање на процедурата.

„ Се подготвуваме да го смените тоа,  во процедура за следната набавка во наредните месеци да има залиха од инсулини за најмалку два до три месеци, така што ова што сега што се случи никогаш повеќе да не се случи“, изјави министерот Филипче.

Министерот најави дека децата кои имаат дијабетес од тип 1 ќе добијат специјални апаратчиња со кои се мери шеќерот во крвта.

„Има околу 400 до 500 деца кои имаат дијабетес тип 1 и примаат инсулин, се боцкаат секојдневно по неколку пати.  За да се спречи ризикот од ноќна гликемија има тракери кои се лепат на кожата и инсистирам на почеток на наредната година тие да бидат обезбедени за овие деца“, рече Филипче.

На новинарско прашање како ќе го решат проблемот со паралениот увоз на лекови кој овозможува во државата да влезат сомнителни или фалсификувани лекови, Филипче одговори дека според измените во законот ќе се бара сертификат од производителот и да се знае патот по кој доаѓа лекот.

 „Во Владина процедура е изменетиот Закон за лекови, каде што согласно добрите практики од ЕУ се воведува сертификат од производителот и следење на патот по кој се движи лекот“, рече Филипче.

Министерот Филипче на денешната прес конференција најави повеќе клучни проекти што ќе бидат во интерес на пациентите, но и на здравствените работници.

„Уверени сме дека имаме капацитет и дека мораме здравствениот систем што сега функционира на работ на издржување да го трансформираме во европски модерен здравствен капацитет. Имаме човечки капацитет, знаења и за тоа што ни недостасува подготвени сме да се надградиме“, рече Филипче.

Посочи дека еден од клучните проекти ќе биде надградување на електронскиот систем „МојТермин“ и целта им е да се подобри квалитетот на здравствената услуга и да формираат интегриран здравствен систем во кој ќе има контрола и на потрошувачката и на вистинските потреби. Инициравме, појасни, да започне формирање на регистри на сите болести во Република Македонија.

Министерот нагласи дека времетраењето на прегледот ќе го договорат со директорите на клиниките и институциите, затоа што секоја струка е специфична и ќе инсистираат клиниките да примат административни помошници (кои ќе ги внесуваат податоците) на докторите, за тие да се фокусираат на прегледот на пациентот.

„Целта ќе ни биде да ја зголемиме експертизата на домашните лекари. Ќе инсистираме да се едуцираат во тие дејности, да почнат да ги нудат тие сервиси за кои плаќаме големи средства за лекување во странство. Сите болници ќе имаат обврска да ги тренираат нашите државни лекари за тие да стекнат експертиза“, рече Филипче.

Лекови за ретки болести мора да има и на почетокот на 2018 година треба да се распише тендер за следната година. Според Филипче планираат да преземат неколку чекори овој систем на снабдување да се подобри. Ќе се разгледа начинот за можноста за зголемување на средствата за тие лекови и подобрување на законската регулатива и сите постапки во врска со нивната набавка за да се спречи евентуален нивен дефицифит.

Интензивно ќе работиме, посочи тој, за да гарантираме бесплатно болничко лекување на ранливите категории граѓани односно Роми корисници на социјална помош.

„Во буџетот за идната година се предвидени средства за градежно завршување на болниците во Штип, Струмица и Охрид и ќе се распишат тендери за нивно опремување, а ќе се заврши болницата во Бардовци и бункерот за акцелератор во ГОБ „8 Септември“, рече Филипче.

Ќе се формира Детската кардиохирургија која ќе биде сместена во рамки на Клиниката за кардиологија и  Клиниката за кардиохирургија.

„Сакаме да го смениме и системот на лекување од куратива кон превентива. Планираме да го зајакнеме системот на патронажните сестри, рече“ Филипче.

Додаде дека имаат одличен план и сериозен капацитет добро да го реформираат здравствен систем и да стане модерен и европски здравствен систем.

Тој најави решавање на сообраќајниот метеж на влезот во Клиничкиот центар и проблемот со паркирање, кое ќе се случи во многу брзо време.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.