НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ, најави процес на реформи и обединување

0
By Marija Todorovska on July 3, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) од неговиот претходник Димитар Ковачевски денеска во седиштето на партијата.

СДСМ информира дека Ковачевски му го честитал изборот и му посакал „понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ“.

Филипче се заблагодарил на честитките и за ангажманот на Ковачевски во изминатите години како претседател на партијата и како премиер на Владата.

Како што соопшти партијата, новоизбраниот претседател посочил дека „следува период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ“.

-Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени, не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок, рекол Филипче.

Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ во соопштението наведува дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче „убедливо победи на директните внатрепартиски избори со освоени над 9000 гласа од членовите на партијата“.

-СДСМ е единствена партија во земјата со толку висок демократски капацитет којашто претседателот го избира на директни, непосредни внатрепартиски избори, стои во соопштението на партијата.

СДСМ Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.