Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Ќе биде решен статусот на медицинскиот персонал кој е со договор на дело

0
By Менче Атанасова Точи on April 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во ситуација на пандемија кога медицинскиот персонал е многу потребен, медицински лица работат по договор на дело без здравствено и пензиско осигурување и без решен статус за 15 000 денари месечно. Овие медицински лица од кои повеќето се со високо образование, од јули минатата година чекаат на трансформацијата на работниот однос што им ја ветија од Министерството за здрвство.

Во редакцијата на НОВА, се обратија медицински лица од болницата „8 Септември“, која е сега Центар за КОВИД-19. Тие велат дека се први на ударот, таму има вкупно 18 по договор на дело, 7 ренген техничари снимаат заболени пациенти и се директно изложени на ризик од зараза, има 9 физиотерапевти кои додека работат се во директен, близок контакт со пациентите, како и 2 лаборанти.

„Ние работиме во болницата од 2014/2015 година и во јули минатата година ни беше ветено трансформација на работниот однос. Баравме одговор кај раководството на болницата, од таму ни одговорија дека сме потребни, но дека се зависи од Министерството за здравство. Таму, пак ни рекоа дека Финансии треба да одобри средства. Во болницата имаат голема потреба од нас бидејќи кубурат со кадар, секојдневно си си извршуваме професионално нашите обврски, а сме изложени на ризик и ние и нашите најмили“, велат за НОВА медицинскиот персонал кои работат по договор за дело.

НОВА го праша министерот за здравство Венко Филипче дали ќе им биде решен статусот на овие лица.

„Ние во изминатите 2 години успеавме да го решиме прашањето на добар дел од нив, работниот однос се трансфомира од договор на дело во договор на неопределено време. Остана ставот сите што се во јавните здравствени установи да се вработат на неопределено време, меѓутоа се соочивме со предизвик на почетокот на годината и тоа не можеше да се реализира и покрај обезбедените средства. Сакам да повторам дека се работи на тоа, сите кои работат така, со оглас да се трансформираат со оглед на тоа што тие се дел од работниот процес и без добар дел од нив работниот процес практично и не може да се спроведе. Апсолутно остануваме на ставот, малку изборите не успорија, но тоа е ставот и политиката со која ќе продолжиме“, изјави Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.