Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче ќе го спасуваат надворешни ПР експерти

0
By Менче Атанасова Точи on May 23, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче во последните неколку месеци упорно се обидува својот рејтинг да го поправи со помош на надворешни ПР експерти или ПР агенции, дознава НОВА. Откако во јавноста излегоа информации за скандалозните тендери, реакциите на тешко болните пациенти кои тврдат дека немаат лекови, по случајот со вакцинацините кои беа пред истек на рокот што ја вознемири јавноста, а особено откако се најде во анкетите на врвот на листата меѓу оние министри кои треба да бидат сменети, тој интензивно бара помош од ПР експерти.

НОВА, односно авторката на текстот уште пред повеќе месеци беше информирана дека ПР експерт ќе ги преземе работите во свои раце, со цел да му помогне на Филипче. Експертот објасни дека тоа го прави со намера да му помогне на министерот, а не за финансиски надоместок. После извесно време соработката прекина.

По ова, министерот Филипче побарал услуги од уште еден ПР експерт кој првично прифатил, но таму успеал да остане само два дена, по што си заминал. НОВА има сознанија дека во моментот Филипче користи услуги од уште едно ПР лице или агенција, но експертот кој го контактиравме потенцираше дека немаат никаков договор со Министерството за здравство и дека таму оди затоа што има пријатели во кабинетот. Нејасно е, зошто Флипче бара услуги од ПР лица кога се знае дека во Министертството со години постои служба за односи со јавност и таму има неколку вработени кои си ја знаат работата.

НОВА денеска упати прашање до Кабинетот на министерот Филипче дали досега користел и дали во моментот користи услуги од ПР експерт или агенција и доколку користи со кои финансиски средства го прави тоа. Од таму со одговор:

„Министерството за здравство нема, ниту имало договор со Агенција за односи со јавност“, се вели во краткиот одговор од ресорното Министерство.

Во Владата тврдат дека нема донесено одлука за забрана на експерти за комуникации, министерствата имаат право да ги ангажираат особено кога се работи за јавни кампањи.

„Владата на Република Северна Македонија нема донесено одлука за забрана за ангажирање експерти за комуникации. Министерствата имаат право да ангажираат надворешни капацитети, особено кога е во прашање комуникација од јавен интерес на граѓаните. Забраната на Владата се однесува на забрана за закуп на медиумско време со цел владино рекламирање“, се вели во одговорот на Владата.

Од таа причина и во контекст на заштеда на финансиски средства останатите министерства не користат услуги од ПР агенции. Затоа, зачудува фактот што министерот Филипче постојано бара ПР експери, а во Министерството за здравство такви кампањи нема. Во пракса и кога ги има тие се ретки и се најавуваат пред време за да се вклучат и медиумите за работи кои се од јавен интерес.

Нејасно е, дали во тој контекст е и соопштението до медиумите кое пред десеттина дена го испрати Министерството за здравство, каде укажува дека ќе се справи со новинарските истражувања или како што ги нарекува „шпекулативни медиумски објави“ на начин што ќе реагира до новинарските организации Советот на етика и Советот на честа на ЗНМ, односно со испраќање претставки до овие тела.  Во соопштението се вели дека сето тоа е “во насока на правилно и точно информирање на јавноста со цел да не се изнесуваат неточни, произволни информации и заклучоци во врска со работата на Министерството”.

„Медиумските објави и новинарските текстови каде што во изминатиот период беа изнесени бројни неправилности и непотврдени информации во врска со тендерските јавни набавки, предизвикаа штета на целиот процес којшто според основните регулативи треба да биде транспарентен и објективен, со цел рамноправно учество на сите заинтересирани учесници“, се вели во соопштението.

Доколку ваквите соопштенија доаѓаат од ПР експертите, тие треба да се информирани дека во Министерството за здравство нема транспарентност, туку само штури информации, нема достапност до бараната документација, а чест е и игнорантскиот однос, односно праксата да не се одговори на бараната информација или пак, на одговор да се чека со денови.

Досега не е познат ваков однос на некој министер кој се обидува да се справи на ваков начин со новинарите во обид да ги спречи новинарските истражувања. Особено, што не постои никаква транспарентност во поглед на пристап до документацијата или информациите, а согласно Законот за слободен пристап до информации.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.